Мислам дека ова веќе не е ни смешно што се случува во земјава, немам коментар, а веројатно и на најголем дел од луѓево им е мизерно и понижувачки да трпат, да гледаат и да слушаат се ова што се дешава.
Лекот е само јак опозиционер, лидериште.
Значи ништо не научи изминативе 4 (ЧЕТИРИ) години ?
Е па ете имаше јак опозиционер лидериште во 2015 и 2016 година, јак колку балони и кондоми полни со боја и песок, појак здравје.
И еве ти го резултатот.
Во 4 (ЧЕТИРИ) години не научи ништо од простава раја која не мудро, туку просто си ќути додека хиените се ситат ?
Не е потребен уште еден јак опозиционер лидериште, туку потребен е јак народ кој ќе расчисти и со јаките и со слабите лидеришта и од власта и од опозицијата, а тоа тешко на овие простори, ако имаа толкави тестиси во 2015 и во 2016 година за да рушат демократски избран режим со пенкало, а сега не мудро, туку просто си ќутат на секакви идиотизми, тогаш нема што да се очекува од ваква проста раја на овие простори.
И нели ќе фаќаше џаде за Србија за Велигден или веќе фати ?
Па дури и да не си фатила џаде, зошто се оптоваруваш до толку со глупостите на простата раја ?
Немаш попаметни работи со кои би се занимавала пред и за време на Велигден ?
Па дајте бре луѓе доста се замарате со прост народ, жалосно е ова што се случува, но кога простаците се мнозинство останува на нив да се опаметат, не може со сила да се опаметат.
Евреите им ќутеа на Адолф Хитлер и на нацистите од 30 јануари 1933 кога овие вториве дојдоа на власт во Германија, им ќутеа и после 1940 и 1941 година кога Хитлер и Нацистичка Германија веќе беа неоспорени господари на цела централна Европа, над половина западна Европа, над половина источна Европа и на речиси цела јужна Европа, за веќе во 1943 година - после цели 10 (ДЕСЕТ) години да започнат со некаков отпор: востанието во нацистичкиот логор на смртта Треблинка, при што над 1.500 еврејски робијаши беа стрелани, а едвај 70 успеаа да избегаат, востанието во нацистичкиот логот на смртта Собибор, при што првично помеѓу 300 и 600 еврејски, полски и советски робијаши успеаа да избегаат, за едвај 50 до 70 од нив да ги преживеат минските полиња и нацистичките злосторници кои тргнаа во потера по нив, и се разбира, крваво задушеното востание во Варшавското гето кое резултираше со палење и срамнување на гетото со земја.
Ако ти претставува некаква утеха, знај дека Јирген Штруп - нацистичката гнаса која го организираше и го спроведе на дело крвавото задушување на востанието во Варшавското гето, си го дочека својот крај во 1952 година токму во Варшава, со јажето околу вратот и нозете во вис, откако претходно истреби десетици илјадници невини луѓе за време на Втората Светска Војна и Холокаустот.
Но не беше поразен од јак опозиционер лидериште, туку од луѓе вооружени до заби кои одлучија дека е подобро да умрат стоечки исправени на нозе отколку да живеат на колена и да чекаат да бидат истребени како штетни инсекти или стаорци.
Истовремено не смее да се заборави, а уште помалку да се негира фактот дека Полјаците надвор од Варшавското гето направија речиси ништо за да им помогнат на Евреите во гетото, ама затоа до денешен ден го потсетуваат светот на крваво задушеното Варшавско востание кое се случи во 1944 година, година дена после крвавото задушување на востанието во Варшавското гето.
Повели изгледај го филмот Дара од Јасеновац ако до толку немаш што да правиш пред и за време на Велигден, го помнам по тоа што премиерно го емитуваа во Србија и во Република Српска на телевизија веќе наредниот ден по смртта на Ѓорѓе Балашевиќ на 19 февруари 2021, на хрватските усташи - сојузниците на Хитлер и на нацистите за време на Втората Светска Војна и за време на Холокаустот - не им се допаѓа ниту малку филмот, а и современите европски Брисељаци исто така не го бендисуваат нешто многу, наводно им се видел како српска националистичка пропаганда, очигледно и тие се историски неписмени како и многу други.