Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Не се брзај, на велигденски празници вирусот ќе работи највеќе и ќе почне постепено да се намалува полицискиот... Сега гласање у партија ќе имаат овие, затоа нема овој викенд.
 
dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Не се брзај, на велигденски празници вирусот ќе работи највеќе и ќе почне постепено да се намалува полицискиот... Сега гласање у партија ќе имаат овие, затоа нема овој викенд.
Мислиш да се зголемува полицискиот час.
 
Aslan Turkey

Добро-Познат Член
4,249
1,736
113
Кога на фејсбук месенџер ќе испрати некој слика зошто од компјутер неможе да се отвори кога ќе кликнеш сликата за да се види убаво?
 
alek

Активен Член
785
249
43
@Beauty на алфа моментално дават проводаџија, водителката си подрипнува на џингарлака џикица, ако сакаш да си пишиш на сајт, мислам дека такви статии имат читаност.
 
alek

Активен Член
785
249
43
Луѓе по Кавадарци се зборува дека стопанска банка ќе се затвара некој да има повеќе инфо. околу оваа ?
 
JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Луѓе по Кавадарци се зборува дека стопанска банка ќе се затвара некој да има повеќе инфо. околу оваа ?
Вие у Тиквешијата да намалите со виното и ракијата, ја да ви кажам.
Стопанска Скопје е во сопственост на грчката национална (народна) централна банка, нема теоретски шанси да пропадне. :)
Стопанска Битола е во сопственост на многу луѓе, меѓу кои и на Орце Камчев и Сашо Мијалков. Но не пропаѓа туку-така, ќе си тера СТББТ уште, посебно со добрите резултати што ги има периодов.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83

Добрите резултати што ги има во периодов ?

Па нели активно ја следиш (анти)македонската политичка сцена ?

Од каде и како пропадна ЕуроСтандард Банка на Трифун Костовски ?

Дали банките воопшто ги објавуваат јавно податоците за физичките и правните лица на кои им одобруваат кредити и заеми ?

Бог знае колку пари им имаат дадено другите банки на плавите жолтици од кога се дојдени на власт на 1 јуни 2017, а и пред тој погубен ден за една нација и за една држава.

Но добро, на Германците им требаше 30 јануари 1933, за нешто повеќе од 12 години подоцна да си го дочекаат 9 мај 1945 - неписмените нека отворат книга по историја за да научат по нешто за овие два историски датуми бидејќи и нивните животи и самото нивно постоење како живи човечки суштества зависи од тие два датума, а особено од вториот датум - па така и на фиромистанската раја и` требаше 1 јуни 2017 за Бог знае кој друг погубен ден да го дочекаат како последен ден на севернофиромистанската раја.
 
Да се допрецизирам бидејќи не се разбираме... Зборам за добрите резултати на банката, не на економијата во целина.

Еуростандард има политички заднини, а дополнително за неа известувале и институции за финансиско разузнавање. За други банки нема таква истрага. Сите банки во моментов се ликвидни над пропишаните законски норми.

Не ги објавуваат јавно, тоа е банкарска тајна, не сум сигурен дека некаде некој објавува поединечно, се објавуваат само сублимирано бројки и тоа го прават, на портали има често.
 
А ЕуроСтандард Банка не беше ликвидна и немаше истраги за нејзината работа пред август 2020 ?

Дај сега биди сериозен, речиси секоја банка во Македонија е на некаков начин вплеткана во политичките игранки.

Стопанска Банка од Скопје е во сопственост на националната банка на Гејлада, Комерцијална Банка е влашко дувло на носители на плава жолтица, а им има давано кредити и на пвеводбениците, НЛБ Банка глуми словенечки стандарди, додека во пракса беше рака под рака со пвеводбениците додека беа на власт, а и на Фијат Цаноски му има дадено кредит за да го гради Космос.

Ако една мала банка како ЕуроСтандард Банка била толкаво дувло за делење на златни колачиња за плавите жолтици, Бог знае за какви криминални дејствија се користат до денешен ден останатите помали банки, особено ако некои криминални играчи имаат сопственички удел во истите тие банки, а за поголемите па да не правиме муабет.

Добри резултати имаше и владата на пвеводбениците на чело со пвеводбеничкиот пастир, но ете гледаш, добрите резултати не секогаш резултираат со добра награда за истите.
 
За Еуростандард се водела истрага и пред август 2020 година, не само во Македонија, туку и од надвор.

За другите банки, ќе ти откријам некои работи... Преку Комерцијална, НЛБ и преку Халк се финансиските текови за финансирање на тероризам. Иако перцепцијата е дека само преку турска Халк, вистината е и дека две од трите најголеми исто така замижуваат. Финансиско разузнавање е запознаено, но и тоа не делува иако се врши голем притисок од ЕУ.
Од друга страна, грчкото разузнавање не делува преку Стопанска Скопје, туку верувал ти или не, преку Силк Роуд.

Стопанска Скопје не навлегувам подетално, но исто како и Халк, не може да пропаднат, државни банки се.

Еуростандард пропадна ради игранките и интересот на Комерцијална, има пишувано по медиумите за ваквите византиски игри.

Во однос на добрите резултати, ако погледнеш табеларно, колку треба да имаат капитал и колку оствариле банките, сите се во позитива, посебно сега со насоката на нбрм да нема дивиденди туку да се докапитализираат. Еуростандард имала обиди за докапитализација, но не успевала, затоа и пропаднала на полесен начин, отколку комерцијална да се мачи да ја купува, нешто за што се преговараше ако не грешам.

А дека многу се 12-3 банки, да, се сложувам. Треба да се намали бројот со спојувања, добро е што сега Шпаркасе и Охридска ќе бидат едно и ќе биде мислам 4та банка по капитал во земјава, со што ќе ја претрка Халк.
 
Не е некоја новост дека Силк Роуд - поранешна Алфа Банка, исто така во сопственост на гејски инвеститори - е главниот финансиски коридор за гејските паразити во Македонија.

Ете гледаш дека и самиот знаеш колку само не се невини останатите банки во споредба со ЕуроСтандард Банка. Вистината не е дека се цвеќиња за мирисање, туку општо како и сите злосторници низ историјата не жалат за тоа што го направиле, туку жалат бидејќи биле откриени.

Кога сме кај спојувањето не заборавај дека истото останува меч со две острици, убаво е тоа што француската Сосијете Женерал ја купила Охридска Банка, а австриската Шпаркасе ја купила Инвест Банка, па сега Шпаркасе ја купи Охридска Банка, но спојувањето сепак значи една банка помалку на пазарот, а со тоа и цела една опција помалку од областа на банкарството и кредитирањето, без разлика колку биле добри или не.

Еве јас на пример максимално сум задоволен од услугите на Охридска Банка, сепак е банката во која ја отворив мојата прва трансакциска сметка на почетокот од факултетските години, а една од најубавите работи кај таа банка што ми се допаѓаат е тоа што многу ретко има чекање во редица кај нив бидејќи речиси никогаш нема гужви во нивните експозитури.

Само еднаш помнам кога дојде батка со куфер - баш како на филм - не помнам дали подигнуваше или уплаќаше половина милион американски долари кои мораа да му ги избројат и на машина и рачно - мислам дека ги уплаќаше - па мораше да оди лично во трезорот од експозитурата за лично потпише некаков документ и не знам што, а сето тоа траеше едно 40 минути бидејќи броењето на толкава сума на пари секако дека одзема време, вториот шалтер не работеше, а полесно ми беше да чекам во експозитурата во мојата населба на 10 минути пешачење од дома за време на летните горештини отколку да возев до експозитура во друга населба. И сепак немаше гужва ниту на тој ден, јас бев единствен кој чекаше после него, одвреме навреме ќе ми се приспиеше поради климатизацијата во експозитурата, а кога јас дојдов на ред после мене имаше уште само двајца други кои чекаа.

Од кога НЛБ Банка ја воведе опцијата за уплаќање на трансакциска сметка директно на банкомат, не помнам кога последен пат сум чекал во редица, сите потребни плаќања ги вршам преку електронско банкарство и преку НЛБ Банка и преку Охридска Банка.
 
Не велам дека банките се цвеќиња за мирисање, но велам дека нема најави за пропаѓање. Тоа што го спомна членот погоре е класична хибридна стратегија за градење погрешен наратив врз лажни вести. Лани во септември имаше најави за пропаѓање на УниБанка, ЦКБ и Капитал, па еве ги сите книжат профити.
За да пропадне банка, треба да има подолго време проблеми, како Еуростандард, а ако читаш извештаи, сите банки се океј изминативе години. Тоа сакам да ти го укажам од прееска.

Во однос на конкуренцијата, можеби е добро да се има поголем избор, но не и преголем. Во Црна Гора ако не грешам во текот на преговорите со ЕУ им беше наложено да го намалат бројот на банки бидејќи се мал пазар, нешто како нас што треба да намалиме...

Јас па од банки сум во Стопанска Скопје, најблиску ми е, ама е хаос чоеку ептен. Би одел во Комерцијална ама има гужви исто премногу. Други банки/банкомати во близина, немам толку.
За моето правно лице, првата сметка ми беше во Стопанска, но од почетоков на годинава сум префрлен на ТТК и сум доста задоволен од услужноста на девојките кај Силбо експозитурата. Поради потребите неколку пати бев во 8 часот, веќе ме имаат запамтено и сме како куќни пријатели. Нешто што го немам со овие од Стопанска. Немањето банкомат во близина ме кочи да се префрлам и како физичко лице во ТТК.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,703
45,248
113
Не следам многу спорт, ама изгледа сме ја совладале Германија во фудбал. 46566:ziveli:46566
И јас само гледам кога се репрезентации, иако... Сега не гледав ниту еден натпревар изминативе денови :406389:
 
Steff

Добро-Познат Член
33,703
45,248
113
Optuženi za slučaj Jovanjica Predrag Koluvija, njegovi branioci i provladini mediji danima upiru prstom u tužioca i policijske inspektore - da su zaverenički ponudili Koluviji da optuži brata predsednika Vučića za biznis sa zasadima kanabisa. Opozicioni političari i deo javnosti pitaju se zašto se ne istraže ljudi iz vrha države ili specijalne jedinice MUP i pripadnici BIA koji su godinama blisko sarađivali sa Koluvijom.
Аха значи да легализирале и кај нас, наместо оној реми со Португау ќе беше трета победа, каков глупак е овој Вучиќ :pie kafe:
 
Top