Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Aslan Turkey

Добро-Познат Член
4,249
1,736
113
Доста беше зезанции и јас имам тераса и тоа поголема. Во зима ја миеме само со добро исцеден џогер или усисуваме. Зимно време терасата служи за оставање ствари како шишиња, кофи, храна зеленчуци во торби она што не сакаме да стои во фрижидер или било каде во кујната. Кога ќе почне да затоплува на пролет се чисти со фрлање неколку пати кофа топла вода со сретство за плочки, се чисти со четка поточно метла и се спрема за цел пролет и лето да може да се седи на балкон.
Ние турците за такви непотребни работи си имаме одаја. Балконите не ги трупаме зимно време со глупости. Не мрзи да чистиме хаха
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,103
113
Ние турците за такви непотребни работи си имаме одаја. Балконите не ги трупаме зимно време со глупости. Не мрзи да чистиме хаха
Не се непотребни работи туку поради немање каде да се чуваат ги оставаме на балкон. Татко ми на балконот преку зима остава шишиња со ракија, вино, некогаш кога купува зеленчук, овошје дел го чуваме и на балконот. Одвреме на време по потреба се зема некој од тие работи од балконот.

За други работи како облека, торби, кондури, патики , јакни чуваме и на таванот.
Бидејќи станот ни е доградба имаме направено и дел на таванот за чување ствари и ќе дојде лето зимски јакни и кондури одат на таван а преку зима се ваѓаат јакните и кондурите од таванот.
 
alek

Активен Член
785
249
43
Луѓе ај ако имате искство со vox electronics споделете, јас земав фурна и плотна ама се уште не ми се употребени оти ја реновирам куќата а сега сакам да земам и телевизор, па ако може искуства.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,103
113
Луѓе ај ако имате искство со vox electronics споделете, јас земав фурна и плотна ама се уште не ми се употребени оти ја реновирам куќата а сега сакам да земам и телевизор, па ако може искуства.
Не знам каква фирма е таа. Не сум користел но за телевизор подобро да се размисли. Ако често гледаш филмови, серии HD и ти е битно добра слика и звук подобро дади и малку повеќе пари а не за нешто колку само да се купи.

Денешниве телевизори смарт се скоро слични како телефоните и таблети со процесори и рам мемории, со разно разни опции, апликации..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alek

Aslan Turkey

Добро-Познат Член
4,249
1,736
113
Јас ќе се женам знаете. Братучетка ми е мажена со турчин од страна на мајка ми братучетка па нивните деца јас сум им чичко. Јас ќе се женам со сестрата на зет ми , а она им е тетка и кога ќе се оќенам како моите внуци ќе ја викаат тетка им, а како мене?
 
Steff

Добро-Познат Член
33,693
45,246
113
Мајка Фериде и двајцата.
Хм, што мислиш, дали можеме според овој вовед во приказната од трета сезона да формираме мислење кој е тука Шахика, кој Чагатај, кој Јилдиз, кој председател, а кој Мајка Фериде и помошничката или сепак треба да дојдеме до четврта сезона за да се тоа искристализира?
 
Какви серии спомнувате глупости секако си добив одговор Вујна ќе им биде . Во секоја тема таа бедна Шаика се спомнува јас зборам друга тема вие Шаика па шаика цццц
 
TVman

Добро-Познат Член
16,697
13,079
113
Какви серии спомнувате глупости секако си добив одговор Вујна ќе им биде . Во секоја тема таа бедна Шаика се спомнува јас зборам друга тема вие Шаика па шаика цццц
Инаку 23-ти јануари сме, ја почна серијава? Ајде коментари во темата :pie kafe:
 
Steff

Добро-Познат Член
33,693
45,246
113
@Steff @PeterGriffin
Кои се вакцинираат кај вас?
Ваши баби дедовци се на список?
Кој сака, со кинеска вакцина може да се вакцинира, затоа што во моментот, таа е единствена достапна. Нашиот збудален народ кога слушна дека може преку ред да добие, се стрчале луѓе како улави по вакцини.

Јас се пријавив за Фајзер и Модерна, бидејќи тие се единствени одобрени од европската комисија за лекови, така да кој знае кога ќе дојдам јас на ред. :hehe:
 
Beauty

Администратор
49,881
61,899
113
Ок, а што и фали на кинеската?
Зар мислите дека само квалитет и наука и се битни на Европа и САД? Не верувам, се е политика и бизнис.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,693
45,246
113
Ок, а што и фали на кинеската?
Зар мислите дека само квалитет и наука и се битни на Европа и САД? Не верувам, се е политика и бизнис.
Не е тоа во прашање, секако, и тунгузиска би земал да е одобрена од европската комисија. Сега се во таа комисија проверува и руската, а за кинеска уште нема зборови, ама верувам дека за некој месец и таа ќе добие сертификат, ако не и порано.

Така да, битно ми е само да се одобрени од некое регулаторно тело (освен домашното, нив не им верувам воопшто), да беа спроведени некакви проверки околу безбедноста на тие вакцини.
 
Beauty

Администратор
49,881
61,899
113
Сигурно е одобрена од азиско регулаторно тело, тоа сакам да кажам. Не е само медицината на западот релевантна. Веројатно политика е во прашање зошто се одобрени американските од Европа, а не се уште руска или кинеска.
А од Фајзер ви стигале 11700 дози оваа недела.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,693
45,246
113
Сигурно е одобрена од азиско регулаторно тело, тоа сакам да кажам. Не е само медицината на западот релевантна. Веројатно политика е во прашање зошто се одобрени американските од Европа, а не се уште руска или кинеска.
А од Фајзер ви стигале 11700 дози оваа недела.
Не дека е порелевантна, туку е потранспарентна, механизми на одлучување не се зависни од еден човек и системот на власта. Немам сомнеж дека медицина во Русија и Кина е добра, но во такви системи, грешки се недопустиви.

Не мораме да одиме хронолошки далеку до Чернобил, доволно е да се види како Кинезите се справуваа на почетокот од пандемија со криење на податоци и глумење дека е се во ред.

Исто така, нема потврда за завршена трета фаза на испитување, тоа е исто проблем. Едни од ретки земји сме во светот кои добивме кинески вакцини, изгледа сме ние учесници на испитување во трета фаза, како Бразил и Емирати.

Синофарм (таа е кај нас) вакцина уште не е одобрена од Европа, ама вакцина од друг произведувач Синовак наскоро започнува со постапокот на сертифицирање, колку имам слушано.

Не се ни знае за патувањата што ќе биде, дали ќе се обистинат шпекулации за Ковид пасоши и дозвола за патување во европски земји со вакцини кои се одобрени од страна на европската комисија.

Кога сето тоа ќе соберем, а и плус не сум во ризична категорија, ништо нема да ме кошта да почекам уште малку.
 
Beauty

Администратор
49,881
61,899
113
Исто така, нема потврда за завршена трета фаза на испитување, тоа е исто проблем. Едни од ретки земји сме во светот кои добивме кинески вакцини, изгледа сме ние учесници на испитување во трета фаза, како Бразил и Емирати.
Точно, во право си, ова го изумив. Така е, да.
 
Top