Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,900
61,927
113
  • Автор на оваа тема
  • #941
Јас не знам зошто се замараме со ЕУ :neznam: Абе сврти се накај Кина, Русија.... ни притребала Европа и вакви глупости.
 

TVman

Добро-Познат Член
16,699
13,080
113
Tatars gonna be tatars

Ццц ненаситни едни.

Најлошото е што ни Русија ни Кина не се интересираат за нас. Ова со смената на името намерно го направија за НАТО да се полни со пари, а ЕУ изгледа никогаш нема да видиме. А колку-толку е понормална организација од терористиве.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,703
45,248
113
ЕУ е во распад, но според мене, секако подобра опција од диктаторски земји како Русија и Кина. Или да речеме помалку зло.
 

Beauty

Администратор
49,900
61,927
113
  • Автор на оваа тема
  • #944
Па јас не знам вие како немате проблем со преговарања?
Јас од кога знам, МК има проблем со Грција, сега Бугарија, веројатно следна е Србија со црквата, ако воопшто некогаш се реши ова со Бугарија.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,703
45,248
113
Па јас не знам вие како немате проблем со преговарања?
Јас од кога знам, МК има проблем со Грција, сега Бугарија, веројатно следна е Србија со црквата, ако воопшто некогаш се реши ова со Бугарија.
Ние имавме пред 10тина години, кога Холандија, чинам, кочеше датум за отворање на преговори, не знам што точно беше финта, дали војни злосторници и Хаг или нешто друго.

Сега имаме друг ''проблем'' со преговарања, а тоа е власта. Со години не се отвора ниту едно поглавље затоа што ни е држава во катастрофална состојба со овој диктатор за сиромашни. Се зборуваат секакви лаги дека ќе влеземе во ЕУ до 2025, а ништо не се работи за тоа.

Но од друга страна, мислам дека ни ЕУ нема интерес да влезе некоја од балкански држави во иден период. Кој знае и со нив што ќе биде за 5-10 години.
 

Beauty

Администратор
49,900
61,927
113
  • Автор на оваа тема
  • #946
Па Вучиќ збори и дека ќе се вакцинирате следниот месец :hehe:
 

Steff

Добро-Познат Член
33,703
45,248
113
Па Вучиќ збори и дека ќе се вакцинирате следниот месец :hehe:
Збори тој што му прво текна кога ќе се разбуди наутро. Прво беше до декември ќе добиеме 2 милиони вакцини, сега пак падна на 500 илјади.

Нема никаква тежина тоа што зборува, еден ден едно, друг ден друго.
 

NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,961
9,599
113
Но од друга страна, мислам дека ни ЕУ нема интерес да влезе некоја од балкански држави во иден период. Кој знае и со нив што ќе биде за 5-10 години.
Мини шенген: Македонија, Србија и Албанија, евентуално Црна Гора. :406389:

Голема Албанија обединета, Велика Србија си го задржува Косово, а Македонија има излез на море. :406389:
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Да се ослободам малце со време од одредени активности (затоа забушавам на сите полиња, јбг, работа и само работа...) па ќе ви склопам едно текстче во однос на татаристанот и ветенцето, околу мини шенгенот и слично.
 

Beauty

Администратор
49,900
61,927
113
  • Автор на оваа тема
  • #950
Ајде чекаме.... фалеше со твоите коментари. Ајде до тогаш бар кратко твое видување што ќе се случува....
 

Beauty

Администратор
49,900
61,927
113
  • Автор на оваа тема
  • #951
Може некој да ми објасни по која логика Србија ќе ги добие вакцините за еден месец кога ниту има одобрена вакцина, ниту има во целост испитана, ниту е почнат некаков процес на производство па да оди во неЕу земја

„ Најважно е да ги увеземе првите количини што е можно поскоро и таа вакцина да биде регистрирана, a ќе ја воведеме онаа вакцина што е регистрирана и одобрена од нашата професија како безбедна за граѓаните“, изјави Скодриќ за Прва Телевизија.

Таа рече дека ќе се обиде да добие од 500.000 до милион дози пред Нова година.

Скодриќ посочи дека вакцината во Србија ќе биде бесплатна за граѓаните и дека прво ќе им биде дадена на здравствените работници, армијата и полицијата како приоритет, а потоа и на другите граѓани според нивните приоритети, утврдени со професијата.
:neznam:
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Мини Шенген како замена за ЕУ, со посебен статус во даден момент, односно одредени регулирани односи со ЕУ, но не и членство во неа.
Како што кажа некој погоре, со Мини Шенген, се затвораат сите прашања за Голема Албанија и Голема Србија. Но секако, не и за Македонија, за нас ќе настане само штета во догледно време.
Но кој знае историја и следи гео-политика барем малце, ќе знае дека македонското прашање никогаш не може да биде затворено, освен ако не не' убијат сите до еден во светот...

Можно воведување полициска час, поврзете го можната протиуставна измена на деловникот за онлајн седници, а тоа поврзете го со можен анекс на договорот со Татаристан... :)
Во превод, да ви поедноставам, преку онлајн гласање, ќе се протне анекс, а протести ќе нема јер забрането движење.

Од други работи, да речеме дека нешто е толку климаво што нема да трае премногу, па му се брза да наштети бидејќи нема да е уште долго. Исто така, некој некаде нешто правел, па сега гори на некого за нешто и ќе се отвори слободен пазар за прешалтување и претопување, но за тоа - потоа, многу е рано сега.

Исто така, со ова вето, Татаристанот потврди дека сме различни народи, бидејќи ако бевме едно, немаше да блокира, туку ќе инсистираше на побрзо спојување преку ЕУ интеграцијата. А да, во историјата татарите секогаш биле на погрешната страна. Ај погодете на каква страна се и сега ахаха.

Од друга страна, одредени зачудувачки бројки па ми велат да земам да се отрујам бидејќи на ова створењава во експерименталната територија не знам што треба да им се деси, за да се освестат... Гледам нешто и не сфаќав, но океј, оставам да видам што би било за некое време, дали параметрите би биле исти и покрај некои други случувања...
Но, не сметајте дека е за џабе па и коалицијата на десничарските партии: ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива.

Толку можам да споделам, доста ви е засега. Немам премногу време за подетално да куцам, но следете, претстои македонска пролет. Ве оставам да си поврзете сами, да активирате малце ментална гимнастика.
 

Beauty

Администратор
49,900
61,927
113
  • Автор на оваа тема
  • #954
Од друга страна, одредени зачудувачки бројки па ми велат да земам да се отрујам бидејќи на ова створењава во експерименталната територија не знам што треба да им се деси, за да се освестат... Гледам нешто и не сфаќав, но океј, оставам да видам што би било за некое време, дали параметрите би биле исти и покрај некои други случувања
Дали ова се однесува на рејтингот на СДСМ ?
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Дали ова се однесува на рејтингот на СДСМ ?
Не можам ниту да потврдам ниту да негирам, едноставно не смеам да откривам повеќе детали бидејќи имам некои работи кои не смеат да излезат во јавност.
Но ќе оставам сами да сфатите бидејќи мислам дека доволно споделив за да споите еден плус еден и да искочи три (да де, во политиката има посебна математика хаха)
 

Beauty

Администратор
49,900
61,927
113
  • Автор на оваа тема
  • #956
Во Срб до 17 часот се' ќе работи.
Очекувам и кај нас иднава недела истата мерка.
 

Beauty

Администратор
49,900
61,927
113
  • Автор на оваа тема
  • #958
Па до 17 ќе биде гз преку глава.
На работа , по автобуси, банки и така е хаос.
 

Beauty

Администратор
49,900
61,927
113
  • Автор на оваа тема
  • #960
Да како што прочитав.
Па кај да одат по 17 кога ништо не работи, плус ладно, ете неформален полициски :haha:
 
Top