Знаеме дека Телеком доцни со додавање HD канали ама причината им е затоа што нема секој добра линија на интернет. Ете кај мене увек кога пуштам HD 5-10 секунди и повеќе е замрзната сликата и му треба време додека се одмрзне, а кога ќе пуштам и на интернет HD видео на Јутјуб и HD канал не оди најдобро таа комбинација. Јутјуб видеото не се вчитува одма толку брзо и кога гледаш Јутјуб видео ќе го гледаш "на рати"
Добра Интернет линија ќе си имаш кога ќе се префрлиш на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, на Неотел или на А1 Телеком. Оптичката телекомуникациска мрежа на Телекабел - под претпоставка дека е достапна на твојата адреса на живеење - слободно заборави ја дека постои, за нив само поплаки се имам изнаслушано, оптичкиот кабел им е одличен, па дури и подобар од тој кој го користат Македонски Телеком, А1 Телеком и Неотел, ама затоа оптичкиот сигнал им е катастрофа, залудно потрошени пари на одличен оптички кабел кога оптичкиот сигнал им е катастрофа.
Преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком можеш да користиш оптички Интернет не само од Македонски Телеком, туку и од А1 Телеком или од Неотел - по твој избор, се разбира.
Доколку нема техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком во станбената зграда во која живееш или на улицата на која живееш - доколку живееш во куќа, тогаш ти останува опцијата да поднесеш барање за испитување на техничка можност за хибридна линија на твојата адреса на живеење, па ако ти го одобрат барањето, тогаш ќе добиеш можеби не многу брз Интернет, но барем стабилен додека не добиеш техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
Друга опција се разбира, ти е префрлување на А1 Телеком или на некој друг оператор.
Доколку живееш во куќа, тогаш најдобра опција ти е сателитска телевизија од Тотал ТВ, бидејќи имаат најдобра понуда на канали во висока резолуција High Definition (HD), а истото важи и доколку живееш во станбена зграда, а станот да има добар поглед кон југ и кон југо-запад, каде што се повеќето европски сателити.