Дали ќе има политичка криза? Уште тоа ни фали во државава. Ќе биде лоша година.
Марче брат, сериозен си со прашањата? Па ние скоро 30 години сме во постојана политичка криза... Не знам дали некогаш сме немале криза... Од средно од кога следам политика, па ете и 5 години доста активно, од кои веќе скоро 2 и нешо години како дипломиран политиколог, ја не знам дали некогаш сме биле во мирни води... Постојано нешто имало... Последниве можеби повеќе од 10 години имаме и доста бурни периоди.
Јас стварно би предложил секоја година некои избори да се има... За да знае економијата како ќе биде и да не се потресува... Башка секоја година ќе се гради нешто, ќе се прави, а не само пред изборите... А не дека досега фирмиве и економијата не се навикна и не си работи ко шо треба...
А годинава дека ќе е лоша, ептен е веќе... Дали може да биде бетер? Ооооу да, мислам дека сме докажале премногу пати дека пробива непробојни дноа, а и ги надминуваме и достигнатите врвови...
Мене ме плаши сеа едино што ќе биде со уредбите... Едни велат дека важат само во вонредна состојба, а со тоа прекинуваат да важат... Што е логично.
Но од друга страна, па има уредби кои треба да продолжат и понатаму, а башка што и во самите нив е пропишано истото дека продолжуваат и толку и толку после вонредната... Што е исто логично.
Но без уставно регулирање, а да не зборам па за закон за вонредна состојба, стварно не можам да предвидам што може да се деси...
И да, избори како што мислам дека ви реков, 12ти Јули ќе ги темпираат некако... Но неофицијална информација е според мои добро упатени извори.