@JeftoMKD
дали имаш инфо на што е кратено од Буџетот со вчерашната уредба? Знам на Министерство за одбрана за тргнати 25 мил евра, ама на другите? И во кои сфери е кратено?
Во се', исто образование ќе крати за студентски домови, училишта, спортски сали, базените преку АМС, труд и социјала нешо ќе кратеа знам, земјодество нешто за субвенции ќе чепнат, економија исто субвенции ќе крати за туризам и што беше, исто и транспорт ќе крати за субвенции за летови, ќе се крати од плати исто, репрезентативни трошоци, гасификација, железница, да не должам, ќе искочи у медиумите Нина и ќе каже, ама ребалансот ќе биде за месец дена ако не грешам. Сумирано, нема да биде поштедено ниту една институција, со исклучок на здравство, барем тоа е првичното што го знам јас.
За околу месец до два би требало да добиеме и еврообврзницата, како и средства од ММФ и СБ.
А што менува ова? Оние што работат, пак ќе си работат, ко мене. Само оние што се легачат по клупине дење, нема да ги има.
Паааа не баш... Велики петок е неработен за сите од православна вероисповед, а верувам дека во случаи каде што два-тројца се од други вери, не би отишле на работа и сами да седат таму хаха. А понеделник - втор ден Велигден е неработен за сите граѓани.
Ептен да е не знам каква фирма или институција па да мора да работи и за празници, за што треба да обезбеди посебни дозволи.
Токму поради празникот најверојатно ќе се воведе тој полициски час од четири дена, да не се шетаат луѓево...
Онлајн само за да се збогатат тинекс повеќе
Е-Тинекс го има веќе неколку години и не е ништо ново. Ново е тоа што поинтензивно се рекламира, иначе си функционира може неколку години. Истото важи и за Рептил маркетите кои вршат достава до дома.
Веро има само во Скопје, Битола и Тетово?
А Рамстор има ли во другите градови?
Кам и Стокомак претпоставувам секаде има, исто и Тинекс. Додуша, Тинекс дисконт е поевтин мислам од Тинекс.
Веро има во овие два града, во другите мислам дека нема.
Рамстор има и во други градови, ама не знам во кои точно, но Охрид сум сигурен и мислам има два ако не грешам...
Кам е најголем по број на маркети, мислам дека надмина абројка од 70на, а има и во Косово и Бугарија, со планови за ширење и кај западниот сосед.
Стокомак стои малце послабо по број на маркети, но се шири и тој.
Дисконт тинекс не знам дал има уште, бидејќи мислам дека сите такви Дисконти се трансформираа во само Тинекс(и).
Во Тетово има Веро, Рамстор, Тинекс дисконт, Стокомак, Кам, Кипер, Жито Маркет. Од локални Oaza, Best Market и сигурно уште некој.
Некој од овие маркети има по два или повеќе во градот и околните села.
Кипер го има во средините кај што има рамковно малцинство. Само во Чаир има повеќе од 4-5 маркети... Во радиус од нецели 2-3 километра имам два Кипер маркета.
Жито маркет немам во населба, и не би знаел каков е.
Пакет и Кит Го знам дека се во цела источна МК.
А другиве Алфа, Макпрогрес веројатно се ептен локални
Имав до пред некој ден и Кит Гоу во Топанско кај новито Ретаил парк, ама гледам денеска го празнат оти жива душа немаше во него...
Пакет исто нудат онлајн нарачки и достава до дома.
Во Тетово можеби има уште маркети и локални и маркети што ги има и во повеќе градови ама врска немам кој се.
Од овие најпознативе бренд маркети Тинекс има еден дисконт, Веро со се Џамбо има два, Рамстор има мислам три. Кам и Стокомак не ги ставам во бренд маркет затоа што не се рекламира толку по медиуми.
Чисто информативно, Кам е број еден по сите критериуми во Македонија. Од приход и профит па до распространетост со број на маркети.
Може затоа не му треба толку маркетинг за разлика од другите. Доволно е очигледно само достава на флаерите. Во Тетово имате мислам 4 и сите ви се со огромни суми на пари у каса на дневна основа, исто како и Кам Битола.