Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Полицискиот час треба да биде во согласност со работното време на луѓето, односно да се земе во предвид и периодот за враќање дома.
Најкоректно би било да е од 19 часот, бидејќи има фирми што работат до 18 часот.
Очекувам оваа мерка да се ревидира и наместо 21, во 19 да го стават.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,103
113
Најголемиот проблем е што периодов времето навечер знае да биде и свежо а денски сончево и повеќето го одбираат денскиот периот да се шетаат.
 

Beauty

Администратор
49,882
61,899
113
Ајде, од утре пак зима па нема да можи да се шета ни преку ден. Се надевам ќе помини ова лудило за брзо. Овој "живот со маски" станува неподнослив!
Кина неколку месеци го живееше, не знам и сега дали е уште така. Италија го живее и ќе го живее.
Ужас, луѓе. Не знам што да кажам. Едно невидливо одвратно суштество таканаречено Корона не поремети. :smrk:
 

Aslan Turkey

Добро-Познат Член
4,249
1,736
113
Кина неколку месеци го живееше, не знам и сега дали е уште така. Италија го живее и ќе го живее.
Ужас, луѓе. Не знам што да кажам. Едно невидливо одвратно суштество таканаречено Корона не поремети. :smrk:
Кина се спаси, ама италија го живее тоа што го живееше кина живот под маски
 

NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,957
9,594
113
Ајде, од утре пак зима па нема да можи да се шета ни преку ден.
Некако имам надеж дека токму поради најавите за дожд и снег за следната недела не ставија денски полициски час, туку само навечер, оти на дождот ретко кој ќе шета, па можеби привремено ставија од 21 ч. да видат како ќе се одвива сето тоа. Можеби и грешам.
 

dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Полицискиот час треба да биде во согласност со работното време на луѓето, односно да се земе во предвид и периодот за враќање дома.
Најкоректно би било да е од 19 часот, бидејќи има фирми што работат до 18 часот.
Очекувам оваа мерка да се ревидира и наместо 21, во 19 да го стават.
Ма ако сакате нека ја стават и во 15 часот, ако ви одговара. Фирми што работат втора смена нека затворат, а ние што работиме во тие фирми нека не отпуштат. Или јас работам прва смена што ме боли за другите. Малку е себично, нели?
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,103
113
А јас што да кажам цела недела не работам и тоа семеен бизнис три фирми дуќани ги затвиривме привремено додека е ова.

Ќе ни поремети ова вирусов се. Ќе биде тежок период дури после откако ќе помине се.
 

kristijan10

Добро-Познат Член
3,468
4,936
113
:((:((:((

Секој ден се повеќе заболени.. :smrk:
Ама ајде, да мислиме позитивно, ќе го преживееме и ова.
 

Beauty

Администратор
49,882
61,899
113
Колку возрасни се лицата кои починале во Срб? Имале претходни хронични болести?
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Ма ако сакате нека ја стават и во 15 часот, ако ви одговара. Фирми што работат втора смена нека затворат, а ние што работиме во тие фирми нека не отпуштат. Или јас работам прва смена што ме боли за другите. Малку е себично, нели?
Затоа се предлага да се усогласи работното време и капацитетите. Но да, се сложувам дека е тежок период и не дај Боже да доаѓа до отпуштања ради тие втора и трета смена што се :/
 

Beauty

Администратор
49,882
61,899
113
Што е со овој????

Плата на цела администрација - минимална за април и за мај.
 

NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,957
9,594
113
Затоа се предлага да се усогласи работното време и капацитетите. Но да, се сложувам дека е тежок период и не дај Боже да доаѓа до отпуштања ради тие втора и трета смена што се :/
Не знам колку е изводливо за компаниите, ама за да нема отпуштања, како идеја ми паѓа ротирање на вработените.
На пример, ако се намали работното време и ако се работи само прва смена, еден ден да работат тие што треба да одат прва смена, наредниот ден да работат тие што треба да бидат втора, наредниот - тие што треба да се трета итн.
Не се разбирам многу во бизнис, ама мислам дека би било изводливо: ќе нема отпуштања, работниците ќе имаат помало работно време и повеќе ќе бидат дома, а со оглед на намаленото работно време привремено би било нормално да имаат и помали плати што верувам ќе им олесни на компаниите финансиски.


Не знам зошто, ама имам впечаток дека имаш контакти таму каде што треба, па затоа конкретно тебе те цитирам, може ќе пренесеш идеи таму за евентуална доработка. :406389:
 
Top