Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,103
113
Сега разбирам зошто се купувало залиха на хартија во маркетиве.

Steff

Добро-Познат Член
33,693
45,246
113
Ова ѓубре и психопат најдобро ќе беше ниту еден збор да не збори веќе.

На ЕУ им требаа српски пари :off: ете Србија е голема светска сила па само на нашите пари чекаат во Европа, ќе пропаднат без нас.

Мој пријател и брат Си Џипинг :off: целата Србија го заебава и му се смее за тоа, плус и за сега веќе чувени респиратори на црно.

Какви хаоси прават со домашни тендери, како ги намештаат, и на кои компании се даваат државни пари, тоа наравно не зборува.

Да на никого не му е гајле за Србија, тоа знаевме веќе одамна, не нам требаше Вучиќ да ни отвора очи. Ова е приказна за пензионерите и некој поен за изборите.

Јасно е зошто е толку лут на ЕУ... Притисоците за Косово се веројатно сѐ поголеми.
 
NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,957
9,594
113
Јасно е дека ЕУ не е како што се претставува, ама мора да сфатиме дека во случајов секоја држава во ЕУ прво ќе си гледа за себе. Ако некоја земја нема доволно опрема за себе за да се справи со ситуацијата, нормално дека нема да донира на други држави.
 
Токму така. Будалава си мислеше ќе му дадат средствата што се кажа кај нас на лепе очи, како да таму не е хаос.
 
Beauty

Администратор
49,881
61,899
113
Па убаво си кажува. Ова е вистината, а не таа која тука се пласира нападно.
Не знам што лошо кажа, за некој да му замерува?
 
NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,957
9,594
113
Па убаво си кажува. Ова е вистината, а не таа која тука се пласира нападно.
Не знам што лошо кажа, за некој да му замерува?
Не реков дека не ја кажува вистината сега, само велам дека не треба ни да се очекува помош од земјите на ЕУ кога тие ни самите себеси веројатно не може да си помогнат.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,693
45,246
113
Па убаво си кажува. Ова е вистината, а не таа која тука се пласира нападно.
Не знам што лошо кажа, за некој да му замерува?
Некогаш е битно кој нешто кажа, а не што кажа. Да кажаше тоа некој нормален немаше да биде проблем, овој лицемер нема право да зборува ништо лошо за некој друг кога и тој ја уништи својата држава.
 
Beauty

Администратор
49,881
61,899
113
А во што е уништена Србија? Еве, не сум јас запознаена.
Невработеност? Корупција? Немање добро здравство и образование?
 
Steff

Добро-Познат Член
33,693
45,246
113
А во што е уништена Србија? Еве, не сум јас запознаена.
Невработеност? Корупција? Немање добро здравство и образование?
Корупција, уцени, рекети, здравство катастрофа... Во еден збор - партиска држава, буквално сѐ контролира Вучиќ.

Луѓето ги отпуштаат кој не сака да оди на митинзите на Вучиќ.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,103
113
Да се молиме да нема само смртни последици.

Каков таков, кога тогаш вирусот ќе мора да замре но ќе остави последици во економијата, во многу бизниси а тоа е голем стрес за луѓето.
 
Beauty

Администратор
49,881
61,899
113
Има далеку поголем број заболени од овие бројки кои ни ги пласираат, за жал...
Да, и тоа се шири несвесно и интензивно :smrk:

Луѓе, седете дома! Гледаме серии, коментираме и тоа е. Ќе издржиме, луѓе!
 
Top