Малку политика. Оваа недела ќе се знае за тоа дали добиваме датум за преговори или не. Оваа тема мислам дека на глава ни ја качија последниве две години. Да не беше Рекет, немаше малку да се разонодиме и да слушнеме нешто друго, од ЕУ, Нато, ЕУ, Нато...
Последните информации говорат дека Франција не дава согласност за отпочнување за преговори на Македонија и Албанија. Ако се испостави дека ова е точно, ова ќе биде голем феил со оглед на тоа што само за тоа работеа и се вложија и Владата и референдумските гласачи.