Мобилни оператори

  • Автор на оваа тема Burrows
  • Датум кога е започната темата

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
Јас имам надеж дека ќе излезат со некоја добра понуда. Верувам.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Јас имам надеж дека ќе излезат со некоја добра понуда. Верувам.
Мхм, како во Хрватска, Словенија и Бугарија што искочија со подобра понуда... :) Поголема цена...
Исто како и со промените и поголемите цени кога се споија со One.
Не се надевајте на ништо подобро... Посебно не овде во северен фиром.
Све дур Upload им е мизерни 5Мбпс и башка и тоа не може целосно да го испорачаат, нема надеж... У ТВто, све дур рамковните канали ги лупаат и се борат со Телеком кој појше ќе понуди, нема надеж... Све дури ми стигнува смс пораки дека луѓе не можеле да ме добијат и дома место 4г+ имам факинг H (3Г) едвај, нишо не праиме...
Све дур сакаат да ме крадат за 2500 у сметка за некаков ка-модул а нит сум го имал ниту пак имам услови да го имам, ништо не праиме...
Све дури со Вип имам проблем со ИП адресата која ме лоцира низ Куманово или Гостивар и истата ја делам со пола маало, па имам проблем со пристап до сајтови, ништо не праиме...

Да не зборам за тоа што за стари корисници од памтивек не понудуваат ништо ново... Ме анкетираа... појше од 2че у оцени, не им дадов... На мреживе лом се правам, веќе почнав на телефон и да се пцујам со лудаците оти будала ме прават...

Да скратам, ако имате можност, бегајте час поскоро од овие, бидејќи не ги бива. Одете кај сакате, само не кај Вип, т.е. А1 по ново шо ќе е...

Најисплатливо ви е мобилна на Телекабел за 500че... А не мене да ми стига порака да обновам договор и ако сакам да земам асален телефон да плаќам по 1400 месечно.
 

Beauty

Администратор
49,864
61,855
113
Комплет се согласувам. Вип односно А1 е дното. Само не се согласувам што им се дереш по телефон, затоа што ниту тие ниту оние во салоните ништо не те сфаќаат и ништо нема да пренесат било каде. Ти дери им се, ама нивниот капацитет не е до таму стигнат за да те сфатат. :406389:

Во оваа земја буквално не се надевам и нема да има ништо поевтино, ништо подобро. Цените на се' се качени, а не па на мобилен провајдер.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Комплет се согласувам. Вип односно А1 е дното. Само не се согласувам што им се дереш по телефон, затоа што ниту тие ниту оние во салоните ништо не те сфаќаат и ништо нема да пренесат било каде. Ти дери им се, ама нивниот капацитет не е до таму стигнат за да те сфатат. :406389:

Во оваа земја буквално не се надевам и нема да има ништо поевтино, ништо подобро. Цените на се' се качени, а не па на мобилен провајдер.
Ја се дерам на тие од т.н. повисокот ниво шо ме поврзуваат...
Јер сум очигледно на црн список, повластен, одма со тие горе ме препраќаат и со нив се расправам и пцујам. Два дена на сите мрежи, од фб до инста и твитер ми се извинуваа во пораки... :D
Толку се неписмени, што ја им кажуем шо треба да направат...
Последниот пат немав нет и таа ми вика кај нас неам проблем. Викам госпожо, не ми е гајле за кај вас дали имате или не, ја за кај мене пријавувам... И очигледно имам проблем со интернет оти не се јавувам само да те слушнам онака како си и шо праиш :D
Пред нецел месец, исто се јавував, ИП адресата лом беше, нишо не отвораше... Јер се лудо неписмени, им кажував како да ми сменат ип адреса хахаха.
Долга е приказната за моите 4-5 години патешествија со нив, од коа се споија, лом сум...
 

Beauty

Администратор
49,864
61,855
113
Ако де, дај кажувај ги патешествијата ако не те мрзи да пишуваш. :406389:
Сакам да читам вакви искуства, за да знам и јас, а веројатно и другите , како да не не' прелажат и откачат.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Ако де, дај кажувај ги патешествијата ако не те мрзи да пишуваш. :406389:
Сакам да читам вакви искуства, за да знам и јас, а веројатно и другите , како да не не' прелажат и откачат.
Следна прилика. :) А за све друго, на твитер. :rolleye:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,095
113
Мислев се сменил но Vip.mk уште постои ама комплетно е пуштен и A1.mk сајтот со се понуда.

Кај мене сеуште е ВИП и има банер Наскоро А1
Eве денес кога одиш на сајтот Vip .mk те префрла на сајтот A1.mk
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,604
113
оне.Вип станува А1 Македонија, а брендот Vip станува А1


Скопје, 3 септември, 2019 – Од денеска, телекомуникациската компанија оне.Вип станува А1 Македонија ДООЕЛ, а брендот Vip станува А1.

Консолидирајќи ја својата позиција во рамките на A1 Телеком Австрија Групацијата, присутна во седум земји во регионот, Vip го претстави новиот бренд на компанијата - А1. На настанот по повод официјалното ребрендирање, Главниот извршен директор на А1 Телеком Австрија Групацијата, Томас Арнолднер, Главниот извршен директор на А1 Кластерот Хрватска и Македонија, Јиржи Дворјанчански и Извршниот директор на А1 Македонија Мислав Галер, го претставија новиот А1 бренд, осврнувајќи се на клучните поенти поврзани со процесот на ребрендирање, идните планови на компанијата како и на најновите понуди.

„Трансформацијата од Вип во А1 е стратешка одлука со која ја надградуваме нашата позиција на телекомуникацискиот пазар. Нашата визија како А1 е да бидеме партнер во дигитализацијата на македонското општество, да го поттикнеме дигиталниот начин на живеење и да бидеме водич за нашите корисници во оваа наша дигиталната ера на нови технологии. Брендот го градиме како силен, модерен, отворен и креативен бренд со кој креираме нови приказни и отвораме нови светови. На корисниците им овозможуваме заедно да ги креираме искуства според нивните потреби, што ќе придонесе и за поквалитетен начин на живеење во дигиталното време. Цврсто верувам дека сите заедно ќе придонесеме оваа наша визија да стане реалност. ”, изјави Мислав Галер извршен директор на А1 Македонија.

Компанијата го менува името, логото, и изгледот на своите продажни салони, воведува сосема нова корпоративната веб страница, воведува нови, модерни и софистицирани дигитални алатки.

Новиот А1 бренд на корисниците им овозможува врвна услуга, одлично корисничко искуство и комуникациска инфраструктура која може да одговори на предизвиците што ги носи иднината.

Зад промената на брендот и името на компанијата стои многу поголема и суштинска промена која ќе влијае на сите сегменти од работењето што води кон задоволување на комуникациските потреби на корисниците, а подразбира најмодерна оптичка инфраструктура, мобилна мрежа од новата генерација која овозможува кристално јасен звук и подготвеност за 5G технологија.

А1 понуди и промоции

По повод официјалната објава за промена на брендот, A1 подготви посебно изненадување за сите свои корисници со кое ќе можат да уживаат во премиум дигитално искуство.

Сите корисници кои ќе ја симнат новата и усовршена апликација Мојот А1 добиваат бесплатен еднократен интернет пакет со 10GB.

Сите нови и постојни корисници кои ќе склучат договор на А1 Neo M или A1 Neon тарифните модели, добиваат новa услуга А1 Net Sef – личен сеф за интернет, каде што корисниците можат да го сочуваат неискористениот месечен мобилен интернет и ќе може да го користат кога и да посакаат, а воедно и лесно да го раководат преку Мојот А1 апликацијата.

Деловните корисници можат да уживаат во придобивките на А1 Business понудата која овозможува поефикасно решавање на сите бизнис предизвици, во секое време, каде и да се. Со тарифите А1 Neo XL и A1 Neo L корисниците добиваат 1GB интернет во роаминг, секој месец.

A1 Combo , производот кој овозможува одлично дигитално искуство со одличен квалитет, најдобри ТВ филмски канали, неограничен интернет,од денеска е достапен за сите нови корисници со Smart Band подарок.

Информации за корисниците

  • Нема потреба за промена на опрема, претплатнички број, SIM-картичка или договори за траен налог.
  • Постоечките претплатнички договори и тарифни модели остануваат во важност и продолжуваат да се применуваат под истите услови како и досега.
  • Промената на името на мрежата од Vip во А1 ќе биде видлива во делот на уредот во зависност од моделот. Доколку уредот не може веднаш да ја препознае А1 потребно е корисникот да го исклучи уредот и повторно да го вклучи.
  • Нема промена во листата на ТВ канали.
  • Во согласност со промените на името на брендот се менуваат називите на некои од производите и услугите (Мој Вип станува Мојот А1/ Vip Combo ќе се преименува во А1 Combo), но притоа сите услови за нивно користење и цени остануваат во важност непроменети.
  • За пристап до новите функционалности на апликацијата Мојот А1, корисниците е потребно да ја преземат новата верзија преку App Store/Google Play Store или истата да ја ажурираат преку прифаќање на опцијата update.
  • Детали за воведените новитети и уште повеќе одговори може да се најдат на www.a1.mk
А1 Телеком Австрија Групација

А1 Телеком Австрија Групацијата, котира на Виенската берза, е водечки снабдувач на дигитални услуги и комуникациски решенија во Централна и Источна Европа со повеќе од 24 милиони корисници кои работат во седум земји: Австрија, Бугарија, Хрватска и Словенија, Белорусија, Република Северна Македонија (А1), Република Србија (Vip mobile). На крајот на 2018 приходот на Групацијата изнесува околу 4,47 милијарди евра. Портфолиото на А1 Телеком Австрија Групацијата опфаќа широкопојасна инфраструктура на интернет мрежа, мултимедијалните услуги, податочни и ИТ решенија, големопродажба и решенија за наплата преку мобилен телефон. Услугите кои ги нуди компанијата овозможуваат дигитален начин на живот и работа и можност на компаниите и работите да се поврзат насекаде и во секое време. А1 Телеком Австрија групацијата, со седиште во Виена, е европска единица на América Móvil, една од најголемите обезбедувачи на безжични услуги во светот и обезбедува пристап до глобални решенија.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,095
113
На овие А1 фирмата сега им е со име А1 Македонија ДООЕЛ Скопје а не треба да е А1 Северна Македонија ДООЕЛ Скопје или нема врска тука како ќе биде пишано името на државата?
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
На овие А1 фирмата сега им е со име А1 Македонија ДООЕЛ Скопје а не треба да е А1 Северна Македонија ДООЕЛ Скопје или нема врска тука како ќе биде пишано името на државата?
На што си бре детиште ?

Па да беше детиште ќе пораснеше изминативе 5 и повеќе години.

Ненормално е да поставуваш вакви идиотски прашања.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,095
113
На што си бре детиште ?

Па да беше детиште ќе пораснеше изминативе 5 и повеќе години.

Ненормално е да поставуваш вакви идиотски прашања.
Дали е Идиотско или не е прашањето сепак не мораш ти да се нервираш и вака да изреагираш.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
Дали е Идиотско или не е прашањето сепак не мораш ти да се нервираш и вака да изреагираш.
Твоите коментари се далеку од предизвикување нервоза, но вријат од незрелост и како такви заслужуваат само негативни критики.

Стариот веб сајт сеуште бил активен, па значи сеуште не се ребрендирале, па зошто се викаат А1 Македонија, а не А1 Северна Македонија.

И на други теми објавуваш крајно незрели и идиотски коментари, па дај порасни веќе еднаш.
 

Beauty

Администратор
49,864
61,855
113
Ни го пратија на меил, зар очекуваа такви долги анализи да пренесеме во целост. Бог да чува.

Инаку на А1 рекламите, на крајот оние тактови нели се од Од нас зависи ?
 
Top