- Автор на оваа тема
- #1
Дали слушате радио ? Кое радио го слушате ?
Јас сум љубител и на радио па до пред некоја година често слушав радио. Го слушав Метрополис радио и емисијата Петар за појадок и пауза но откако екипата водители веќе не се дел од таа емисија ретко ја слушам. Антена 5 ми е стандард радио со хитови со интересни емисии.
Во Скопје има доста интересни радио станици кој за жал не може да се слушаат низ цела Македонија освен преку интернет па за оние кој не сакаат да трошат интернет или немаат избор на Wifi мрежа во моментот на мобилниот, во автомобилот не можат да слушаат било кое радио од Скопје кога не се во Скопје.
Туку од оваа недела скопјани и сите граѓани од државава кој се често во Скопје можат да го слушаат Радио Хит на 107.4 . Радио кое првично беше на интернет но после 7 години добива своја фрекфенција во Скопје. Радиото е на познатиот тв и радио водител Ненад Ѓоргиевски кој е познат на многумина од А1 Ексклузив.