По што ќе ја памтите 2010. година?

  • Автор на оваа тема Burrows
  • Датум кога е започната темата

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #1
Се одбројуваат и последните денови од оваа година, па на ред е да се сумираат и впечатоците. Кои настани најмногу ќе ги памтите од годинава што измина и како би ја оцениле истата?
Еве ја мојата листа:

Позитивни настани
-Супер поминати вечери за време на зимскиот распуст
-Светско првенство 2010
-Одмор во Охрид со друштво
-Навивање во сала на квалификациски натпревари за ЕП во Кошарка против Украина и Велика Британија :ehh:
-Зимата ми ја одбележа How I Met Your Mother, а летото Prison Break :uzivkanje:

Негативни настани
-Гадна болест што ме фати во почетокот на есента
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Мене дефинитивно ми беше подобра од 2009 ради многу грди настани што ми се случија, и навистина очекувам од 2011 многу повеќе ради екскурзијата во Мај, потоа можеби патувањето во Берлин во Април, и влегувањето во последната година во гимназија. Да се надеваме на одлична година. :ehh:

- 2010 -

Позитивни настани:
- квалитетна Евровизија.
- симпатичен Саем на книгата.
- неверојатна вечер помината со Дејвид Гета и одличното друштво.
- интересен летен распуст со кулминација на забавен одмор.
- одличен старт на учебната 2010/11.
- никогаш подобро поминати вечери некаде кон крајот на октомври/ноември.

Негативни настани:
- тоа што учебната 2009/10 си ги влошив односите со професорката по Географија поради недоразбирања.
- лицемери околу тебе цело време, среќа имам памет да не ги приметувам веќе.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Јас оваа година ќе ја памтам по многу работи, по караниците на стариот форум, по мојата страницата која е затворена, по новото школо и новите другари.
И по многу други работи, ама во моментов неможам да се сетам
 

Losteech

Администратор
663
0
0
На сериски и филмски план ќе ја помнам по многу работи.

- крајот на LOST
- премиерата на Boardwalk Empire која има шанса да стане вистинска класика
- неколкуте добри sci-fi филмчиња како Inception, District9 па до некаде и Avatar, макар што не ме импресионираше премногу :)
- почетокот на годината ми помина во знакот на The Big Bang Theory кои го завзедоа тронот на мојата комична листа :)
- но и многуте, многуте... МНОГУТЕ утнати проекти и LOST copycat шоуа како FlashForward и The Event кои сепак си го плаќаат (платија) долгот на неинвентивноста со мизерните рејтинзи... :)

На животен план, многу работи ми се случија ама за тоа ќе ми требаат две теми за да се доискажам. Ајде да кажеме дека генерално имав убава година, со неколку моменти кои се обидувам да ги подзаборавам (меѓу кои и лицемерието на некои од кои најмалку го очекував тоа). Инаку неколку настани од 2010 ќе ми останат во меморија подолго време, тоа сум сигурен...

Еве дел:
- концертот на Дејвид Гета :)
- една ноќ во јуни :))))
- концертот на Billy Idol
- незаборавен одмор со другарите и кулирањето во Грција со родителите
- 1. септември, не заради започнувањето на школото туку поради тоа што имав прекрасен ден со другарите од клас (со кои се имавме подзаборавено во текот на летото) но и поради концертот на Тиесто :)
- Greatest Hits 6, журка која нема да се заборави
- и многу други журки за кои џабе би трошел време да ги набројувам, едноставно мора да се видат истите од мои очи :)))
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
По лошиот почеток. Собраќајка од прв ден ама ништо страшно без последици и минимална штета на која не вреди ни да се сеќавам. Тоа негативно.

- Во главно цела година ми беше добра. Супер дружби и на факултет и надвор од него. Мислам дека ни во основно ни во средно не сме биле поврзани толкав број ученици/студенти како што сме сега и што е најбитно сме сложни и обединети за се без никакви претходни договори и слично.
- Одличен одмор и покрај некои неубави работи што беа. Истите сега ни служат како слатки спомени и теми за развеселување.
- На семеен/фамилијарен план се зголемува се почесто фамилијата:).
- Запознав прекрасни личности од други држави благодарение на студенстака размена. Со ова продолжувам и во 2011. Не бев јас на размена туку на мојот факултет доаѓаа студенти ама во секој случај е супер и така
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,418
6,673
113
мене ми беше добра оваа 2010 но еве ќе издвојам нешто што ми остана во сеќавање
Позитивно:
- Помалку обврски со школо и со факултет
- Убаво летно време

Негативно:
- има многу луѓе кој само гракаат и само нешто им сметам што пишиувам по форуми и по facebook(се надевам нема тоа да биде така нареднава година)
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #7
^
И ние се надеваме дека ти нема веќе да гракаш по форуми и по Facebook.
 

igorao85

Нов Член
1,784
0
0
"Сакам по добро да те паматам
лошо се да заборавам
сакам по добро да се сеќавам
на тебе штом помислам"
Да така една просечна година исполнета со неколку големи пресврти во мојот живот. Убави моменти -Да. Негативни моменти - Да. Јбг 2011 подобро.
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Хмм...интересна година беше 2010. Доста битни настани ми се случија кои ми променија доста работи во животов. Сите си имаа свои добри и лошо страни,па нема да ги класифицирам по позитивни и негативни.
  • Најубаво помината школска година
  • Селидба во Торонто
  • Не одење во Македонија
  • Посета на Ниагара Фолс (воедно и мал одмор таму)
  • Запознавање на МНОГУ нови луѓе (некои драги некои не)
  • Искусување „филмско“ средно школо :haha:
  • Запознабање и вколување во ново друштво
  • Незаборавно поминати вечери со истото
  • Нови „љубови“
  • И најбитното (според мене) ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА :ehh:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,418
6,673
113
Burrows напиша:
^
И ние се надеваме дека ти нема веќе да гракаш по форуми и по Facebook.
а ја се надевам дека ти нема да ме провоцираш пошо ми е СКУРЧЕНО од такви како вас
 

darko

Нов Член
182
0
0
M@RKO напиша:
мене ми беше добра оваа 2010 но еве ќе издвојам нешто што ми остана во сеќавање
Позитивно:
- Помалку обврски со школо и со факултет
- Убаво летно време

Негативно:
- има многу луѓе кој само гракаат и само нешто им сметам што пишиувам по форуми и по facebook(се надевам нема тоа да биде така нареднава година)
конечно да се запишеш на факултет и ке видиш тогаш дека животот не е само форуми и фејсбук...
дај боже да се опаметиш и да не досадуваш, и да почнеш на почеток по малце да се дружиш, да фатиш некоја женска... :haha:
живот само пред тв да седиш и да гледаш што недостига на тв не иде веќе...

ова ми е најголема желба што сакам од 2011 :se poklonuva:::se poklonuva::
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #14
M@RKO напиша:
а ја се надевам дека ти нема да ме провоцираш пошо ми е СКУРЧЕНО од такви како вас
Па оди си, кој ти брани. Или да не ти падне многу тешко случајно ако си одиш од форумот, пошто очигледно реален живот немаш.
 

True Religion

Нов Член
81
0
0
:hmm: Заврши уште една година....Многу слатко но и горко искуство!
-Ќе ја паметам по Светското
-По цела ноќ неспиење по поразот на Бразил
-По ужасната повреда на Кака' и 5 месечното отсуство
-По убавите денови на училиште,караниците со машката популација
-Убавиот одмор со семејството и другарите.Преубаво време!
-Настапот на Слаткар во Дојран
-Прераснавме во најголемата фан-страна на Реал Мадрид на фејсбук
-По книгата Нов Живот од Орхан Памук како едно големо искуство и духовно патување итн,..итн,..
-По досега поминатиот најубав роденден кој ми приреди големи изненадувања
-И за жал по смртта на моето куче Роки :(.....кое никогаш нема да го преболам затоа што премногу бев врзана со него

Се на се еден предобар период кој ќе остане врежан во мене.За жал иако во помала мера лошите работи ги засенија убавите,но сепак доаѓа нова година,ново време,нови можности,нови победи и порази....
 
Top