Од каде дознавте за форумов?

  • Автор на оваа тема Phillip
  • Датум кога е започната темата

Phillip

Добро-Познат Член
2,090
354
83
  • Автор на оваа тема
  • #1
Од каде дознавте/кој ви кажа за форумот?



Јас си пребарував на нет за нашите ни мили телевизии и ми излезе форумов.
 

Thiago Bedoya Aguero

Нов Член
430
0
0
Ја дознав на Ангели форумот, кај подфорумот серии имаше линк и пишуваше:Ако сакаш да дознаеш повеќе за сериите кликни овде.(или така нешто) И кликнав и го најдов форумот, се регистрирав и еве ме :)
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Го открив некаде при крај на 2008-ма, ама не ми текнува точно како. Мислам дека нешто барав преку Google и го најдов. Потоа почнам да го читам само како посетител, па се регистрирав во јануари 2009-та.
 

igorao85

Нов Член
1,784
0
0
Јас од Кајгана дознав прво за сајтот, па потоа и за форумот. Имаше некој член (можеби е член и тука) што постојано пласираше работи превземени од Тв пакет. Бидејќи несакав од втора рака информации, еве ме тука :)
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Бев кај другарка од брат ми да и ја инсталирам Симс2 и некои додатоци и таа читаше за Млади Бунтовници и Ангели и некои такви серии што ги интересираат тинејџерите, па некое време и јас само читав по форумот, а потоа и се регистрирав
 

Losteech

Администратор
663
0
0
Дознав преку коментар на мојот поранешен блог за Изгубени, на кој имаше линк до претходниот ТВ форум. Статијата беше за рејтингот на тогашните програми, според кој најгледана серија беше Забранета Љубов со околу 700.000 гледачи. Ова беше при крај на 2008, и мислам дека токму тој пост ме инспирираше да се зачленам на форумот.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Не дознав од никаде, бев еден од иницијаторите за започнување на специјализиран форум стрикно само за телевизија и серии. Најпрво започнавме со посебен дел на Ангели форумот, па подоцна Крис ни го овозможи и ова нешто. :ehh:
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Јас негде летото 2009 гуглав за телевизии, и ме извади еден линк на стариот форум. На почетокот не пишував многу (оти и незнаев многу за форумите), но подоцна почнав да забушавам, но за среќа се смирив. И под овој акаунт започнав редовно да пишувам и читам.
 

Developer

Член
65
1
16
Од крис му требаше помош у вези техничка подршка и реализирање на дизајн. ;)
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
За сајтот дознав сосема случајно тражејќи информации за телевизии некаде почетокот на 2010 година. Редовно почнав да го читам од Март 2010 а член на форумот ако не се лажам станав некаде во Мај 2010 година.
 

emma-chan

Нов Член
85
1
0
Thiago Bedoya Aguero напиша:
Ја дознав на Ангели форумот, кај подфорумот серии имаше линк и пишуваше:Ако сакаш да дознаеш повеќе за сериите кликни овде.(или така нешто) И кликнав и го најдов форумот, се регистрирав и еве ме :)
јас така дознав за стариот форум, а за овој дознав кога влегував во стариот :)
 

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
Беше мај/јуни 2010 на Google Images пребарував слики за стариот Дневник на МТВ и ми искочи само една слика. Беше од ТВ Пакет и така на почеток понекогаш читав на сајтот, а веќе од јули станав редовен читател. Кон средината/крајот на јули почнав да го читам ТВ форумот, а на 14 август се регистрирав под името "sexandthecity15"(го треснав од негде) и сега еве ме под името DarkAngel (и ова го треснав од негде:haha:).
 

Posh Girl

Нов Член
233
0
0
Јас за стариот форум мислам дека дознав на форумот на Свет за серии. За овој форум дознав од стариот.
 
Top