Македонски радија

  • Автор на оваа тема igorao85
  • Датум кога е започната темата

Кое е најдобро македонско радио?

  • Останати

    Гласови: 0 0.0%

  • Вкупно гласачи
    0

igorao85

Нов Член
1,784
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #1
Кое е според вас најурбаното, најшизичкото македонско радио со најдобра музика? Што најчесто слушате, кој ви е омилен радио водител,кој ве опушта, кој ве лути, кој ве смее....?
 

Phillip

Добро-Познат Член
2,090
354
83
Aнтена 5 според мене е најдобро.Го слушам на мобилен понекогаш кога нема што да правам.И двете водителки ми се свиѓаат.
 

igorao85

Нов Член
1,784
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #3
Мислам дека City radio e најурбаното македонско радио кое ( како што велат самите) носи свежина во етерот. Дефинитивно го има македонскиот дрим тим на радиски водители, меѓу кои и девојката која ми го прави секој ден поубав незаменливата Цаци. Секако и Леа, порано и Викса ( со Балканска ебанка) и Петар и Дани и сите. Сега гледам им се придружил и Димитар од Тротоар кој за жал не сум имал шанса да го слушам. Ве обожавам Сити радио најдобри сте
 

LucasScott

Нов Член
7,806
1
0
Како верен слушател и љубител на радио гласав за Антена 5.

Антена е најдобра, и не само од страна на водители, туку у како моќно и светски звучи и пред се поради фактот што секогаш ги носат најновите песни.

Да беше анкетава до пред две години ќе речев Сити, ама сега тоа радио ми е на дното. Зошто? Бидејки страшно ги копираат Антена, речиси и да немам слушнато премиерна песна на Сити а што претходно не ја пуштиле Антена. Плус имаат најстерилни водители во секоја смисла на зборот. Додека им беше Петар он некако и ги вадеше, но одкако го сменија за Димитар кој нема ниту глас, ниту вокеблурар за радио, е не можам да им простам. Цаци е интересна, да, но ако ја слушаш еднаш во две недели, бидејки ако ја слушаш редовно ќе сфатиш дека жената секој ден го зборува истото и здодевна е.

Метрополис радио го слушам наутро во омилената ми радио емисија Петар за појадок и Пауза.

Инаку зошто на листата го нема Метрополис?
 

igorao85

Нов Член
1,784
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #6
Можеби требаше и Метрополис ( искрено го заборавив) . Можеби на местото на некое од овие радија што пуштаат српско - македонска музика ( Скај, БубаМара, Фортуна). Можеби и на местото останати ( иако тами оставив простор за локални радија). Може ли да се направи измени на анкетата?
 

LucasScott

Нов Член
7,806
1
0
Го тргнав Скај бидејки а Буба Мара а Скај исто срање. Метрополис наместо Скај.
 

Mulholland

Нов Член
382
0
0
Антена 5 е убедливо најслушано радио во Македонија, тоа се потврди во еден стручен труд што го правев минатата година, правев истражување за на факултет.

Антена 5 има само една маана а тоа е што премногу емитува реклами, но тоа е затоа што остварува приходи од реклами за 50% повеќе од другите радио-станици. И многу ми се смешни слушателите кога ги прашуваат на Facebook “Која е песната во моментов?“ а овие упорно и континуирано ги игнорираат таквите прашања :haha: Единствено не можам да го поднесам оној еден водител што зборува со британски акцент.

Сити како што вели Lucascott само ги копираат Антена, многу доцнат со нови песни, песната излезена уште од летото а тие ја најавуваат во “фаворити за оваа недела“. Цаци не можам ич да ја поднесам, надвор сиво облачно, истура дожд, таа Каков прекрасен ден е денес нели.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Антена 5 нема повеќе реклами од Метрополис. Додека одам на факултет го слушам Петар за појадок и пауза, и еднаш се случи целиот пат од 20 минути беше само реклами.

Антена 5 ги слушам најчесто, ама во последно време се премногу меинстрим.

Радио 2 ги слушам исто така многу често, ама пак тие се премногу геј.

Фортуна и Скај ако додека вртам најдам некоја убава српска песна.

Во Битола додека сум дома, најчесто го слушам радио 106. Нешто слично како антена 5, ама со помалку реклами, и понови песни, а вртат и повеќе македонски.

Алтернативниве како 103, студенското радио не ги слушам.

Често за време на вртење ми фаќа да слушам и Сити.
 

Mulholland

Нов Член
382
0
0
igorao85 напиша:
Ахам а на крајот сепак гласаше за Сити, интересен став
Па го слушам радиото :) Само Цаци што ме нервира.
Вечерно време обично даваат многу убави песни.
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
City е дефинитивно најурбано радио, цел ден да го слушаш не е досадно бидејќи во секој дел од денот има водители кој знаат како да те дружат и расположат. Симпатично ми е тоа што има многу информации за Скопје, си се држат до името и баш знаат како да водат едно градско радио. Antenna 5 е исто така одлично радио со многу квалитети и успеси, но откако се појави City преферирам нив да ги слушам.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Многу ретко слушам радио и тоа само Love Songs на Антена 5. Некогаш ми се случува да пуштам некое локално радио пример Радио5, Холидеј ( претпоставувам сеуште се локални ). Имаат емисии од типот преку порака да поздравиш некој и да побараш песна ( СМС шеталиште и СМС работилница ). Ова беше во мода некаде кога бев 8мо и кога почнав средно да се праќаат поздрави до симпатиите и на тој начин да му/и соопштиш дека ти се допаѓа. Мислам дека сеуште ги има емисиите ама не со тој интензитет како пред 5-6 години
 

Losteech

Администратор
663
0
0
Кога слушам радио, сакам да слушнам хитови. Во тој поглед Антена 5 се цареви на овие простори. Дефинитивно нема поинформирани музички новинари кај нас. Не знам од каде им се изворите, ама речиси 90% од песните кои ги пуштаат, стануваат хитчиња за отприлика 2-3 недели.

Што се однесува до рекламите, навистина ги има многу, ама јас колку што знам Антена 5 во поглед на спонзори е тука некаде со А1 и Сител, што значи дека е на врвот на македонските медиуми. Импресивно, бидејќи во денешно време радиото не е во „тренд“, ама ете, ако некој се потруди малце повеќе веднаш се гледаат резултатите.

За другите радија не можам многу да коментирам. Сити ми се антипатични од претходно-споменатите причини (копираат се’ од Антена), Метрополис ми се ни лево ни десно, а од српскиве само Скај го имам слушано (затоа што сум приморан кога одам на третмани за лице) и е одвратно радио на кое 24/7 се вртат се’ едни исти (и дебилни) песни за сечење вени.

П.С. Абе сте ја заборавиле Зона :haha: :haha: :haha: :haha:
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Antenna5 дефинитивно најдобри. Се воодушевувам на тоа како постојано имаат динамика во програмата и ми се допаѓа што ги пуштаат најдобрите хитови. Омилени емисии ми се оние што одат од 7 до 10 сабајле, а ја слушам и онаа на Борис Пауновски, само поради песните, а инаку типот ми оди на живци со неговиот глас.
Всушност, радио најчесто слушам преку лето, во другите периоди помалку.

Од City Radio ми се „блуе“. 90% од времето кога вртам на таа фреквенција даваат реклами кои се ужасни, а и очајно се трудат да станат Antenna5.
 
Top