Интернет и ТВ оператори

M@RKO

Добро-Познат Член
19,943
7,088
113
  • Автор на оваа тема
  • #81
Супер Марче. Ќе се спасиш од никаквиот бакар.
Можев јас и одамна да преминам во А1 ама искрено за тв канали мене Телеком ми одговараше повеќе до пред некој месец поради Спорт клуб.

Сега да видам како ќе биде за два ресивери дали може да приклучам од оние МagentaTV.
Рутеро до сега ми беше во соба кај мене и влечено е некако кабел од соба до дневната за едниот ресивер. Сега како тоа ќе го спроведат со оптика ме интересира. Јас сум на доградба поткровје стара зграда.
 
  • Божее
Реакции: ILE

KajzerSoze

Нов Член
18
4
3
Терај си wifi со магентатв-то, немаш проблем. Дома имам две магенттитв (андроиди) на wifi поврзани
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,943
7,088
113
  • Автор на оваа тема
  • #86
Марче, а бе не кажа, се префрли на оптика?
Не уште бидејќи сеуште нема оптика од Телеком кај мене во зграда.

Веројатно ќе имало колку што разбрав понудиле од Телеком да има и ќе се поставува во моја зграда за можност оптика од Телеком.

Мене ми завршува договорот во септември па ќе се почека тогаш.

Има веќе од А1 оптика кај мене во зграда ама лично мене па повеќе ми се допаѓа тв понудата на Телеком дека е подобра сликата повеќе каков таков "HD" квалитет а на MagentaTV засега има и еден 4К канал.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,939
22,800
113
Леле тие Телеком стварно биле некршчени. Ем самите ти пуштаат известување дека до тој и тој датум ќе има оптика, ем не го исполнуваат тоа. Па што испраќате известување бре ко така? А бе некршчени! :off:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,943
7,088
113
  • Автор на оваа тема
  • #88
Леле тие Телеком стварно биле некршчени. Ем самите ти пуштаат известување дека до тој и тој датум ќе има оптика, ем не го исполнуваат тоа. Па што испраќате известување бре ко така? А бе некршчени! :off:
Пријавив за тоа што ми стигна известување во Телеком салон и они не знае што како . Секако ми истекува во септември ќе се види тогаш за обнова договор.

Сум издржал до сега без оптика ќе се издржи уште малку.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,130
450
83
Леле тие Телеком стварно биле некршчени. Ем самите ти пуштаат известување дека до тој и тој датум ќе има оптика, ем не го исполнуваат тоа. Па што испраќате известување бре ко така? А бе некршчени! :off:
Македонски Телеком од поодамна не се занимава со испитување на квалитетот на сопствените услуги и на техничките состојби на теренот.

Вработените во салоните се водат според софтверот од Македонски Телеком кој им кажува дали на таа и таа улица има поврзани корисници на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком или не.

Доколку софтверот им потврди дека на таа улица има поврзани корисници на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, вработениот внесува барање за поврзување на нов корисник или за префрлување на постоечки корисник од старата бакарна мрежа кон новата оптичка телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

И да, во меѓувреме можеби ќе го информираат корисникот дека барањето му е внесено, а можеби не, но несомнено ќе ги информираат постоечките корисници на одредена улица дека ќе мораат да бидат префрлени на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком бидејќи постоечката бакарна мрежа на која веќе се поврзани во блиска иднина ќе биде исклучена - што во некои случаи е вистина, а во некои случаи не.

Еве ти најтазе пример од вчера, како што ме информираше пријател кој сеуште работи за приватен надворешен подизведувач на Македонски Телеком во скопскиот регион.

https://www.google.com/maps/@41.9960175,21.4178719,3a,25.8y,22.55h,75.92t/data=!3m7!1e1!3m5!1s_fZ5YTIr4e6995ANlkBYqA!2e0!6shttps://streetviewpixels-pa.googleapis.com/v1/thumbnail?cb_client=maps_sv.tactile&w=900&h=600&pitch=14.081586277946002&panoid=_fZ5YTIr4e6995ANlkBYqA&yaw=22.546318172784442!7i13312!8i6656?entry=ttu&g_ep=EgoyMDI1MDYyOS4wIKXMDSoASAFQAw==

Овој ормар на ул. Васил Стефановски во Скопје - левиот, повисокиот, веднаш позади Католичка црква, од вчера, понеделник, 30 јуни 2025, е паднат во длабок ископ бидејќи жолтата зграда од сликата повеќе не постои, урната е, а на нејзино место сега има градилиште бидејќи ќе се гради нова зграда на локацијата.

Вчера багерите си ја завршиле својата работа со ископот, ормарот е паднат во ископот, а доводните оптички кабли кои пренесуваат оптички сигнал кон половина од сите згради и куќи на двете улици кои се вкрстуваат на тој ормар се истегнати и искинати, и во моментов веројатно ги има над 150 (СТО И ПЕДЕСЕТ) корисници кои немаат ниту Интернет, ниту телевизија од Македонски Телеком на таа улица.

Секако дека вината и одговорноста е кај инвеститорот и Македонски Телеком ќе си бара отштета, но надворешниот подизведувач кој ќе го ангажираат за да го врати ормарот во функција на првобитната местоположба ќе си има полни раце работа на летниве горештини до крајот на неделава, а можеби и во текот на наредната недела, уличен ормар не се санира лесно, особено ако ги има над 64 корисници, на 1 (ЕДЕН) доводен кабел може да се поврзат од 32 до 64 корисници - во зависност од моќноста на оптичката плоча во централата - а на овој уличен ормар ги има минимум 4 (ЧЕТИРИ) доводни оптички кабли од централата, што значи дека ги има минимум 128 (СТО ДВАЕСЕТ И ОСУМ) поврзани корисници кои во моментов немаат ниту Интернет, ниту телевизија.

Но дури и во вакви околности, доколку некој од жителите кои живеат на таа улица поднесе ново барање за Интернет и/или телевизија во салон на Македонски Телеком, вработените во салоните не знаат дека има групен дефект на таа улица - софтверот не располага со такви податоци, и секако дека ќе го внесат барањето на корисникот во системот, а вработените во техничка служба кои треба да го одобрат или одбијат таквото барање доколку не се запознаени со ситуацијата на терен - а добар дел од нив никогаш не излегуваат од канцеларија за да видат каква е реалната ситуација на терен - најверојатно ќе го одобрат барањето без око да им трепне, додека во пракса технички во моментов е неизводливо поврзување на нови корисници на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком на таа улица.

Така да, кога си имате работа со компанија која вели "Ние ја носиме најдобрата мрежа", а која речиси ич не се занимава со испитување на квалитетот на сопствените услуги и на реалните состојби надвор на терен, не очекувајте сериозен однос и сериозен пристап кон вашите барања и очекувања.
 
Top