Ама сегде е ова вака и откако памтам е вака, не е од сега и само за ова школо па родителиве да пишуваат соопштенија до медиуми и најјако им се покачил шеќерот, а детето посетувало психијатри и психолози.
Па можеби тоа е еден од корените на дното кое го пробиваме како општество со секој поминат ден: толеранција.
Толеранцијата раѓа нетолеранција.
Можеби родителите на ова девојче одлучиле дека сега е време за нетолеранција и сосема во ред и коректно би било тие да бидат првите носители на нетолеранцијата.
А кога сме кај педагозите и психолозите - психолог не е исто што и психијатар - посетите кај нив се сосема нормална појава.
Работа на педагогот е да му посочи на ученикот како треба и како не треба да постапува во училиштето и надвор од училиштето, а работа на психологот е да му објасни на ученикот како неговите постапки ќе влијаат врз него/нејзе и останатите ученици, наставници/професори, како и на останатите учесници во неговиот/нејзиниот секојдневен живот.
Психијатарот е веќе друга приказна, негова работа е пред се` да ја анализира состојбата на пациентот, па потоа да предложи терапија доколку има потреба од истата, и на крај да даде совет за тоа како пациентот треба да постапи во одредени ситуации.