Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
56,307
72,224
113
Почело је.
Одеднаш лето. Аууу. И тоа не постепено, од вчера 30+ степени, одеднаш.
Затоа се осеќам лошо некако , време одма ми влијае.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
21,896
8,458
113
Давам две зими и есен само да биде лето. И јас несакам екстремни топли денови ама барем лето се облакаш комотно, не му ја мислиш кога си со мокра коса, се тушираш почесто, дома и по гаќи може да си седиш, на балкон/тераса/двор да си кулираш и сончаш.

Е сега лошо е наеднаш топло за луѓе со болести, притисоци и такви други работи. Лошо е од премногу климатизиран ладен простор кога си подолго време и да излезеш надвор на топлото спарно да те удри наеднаш во глава.
 

Beauty

Администратор
56,307
72,224
113
Лоши се екстреми за здравје. И ја сакам лето, ама екстрем не. Да е пријатно, да. Али ултра топло не. Така да по ова, можда јас сакам пролет сепак највише, а не лето.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
21,896
8,458
113
Лошо е што повеќе години ретко има преминување постепено од зима во пролет или пак пролетта е краток период.

Наеднаш од дебели јакни преоѓаме на маички со кратки ракави. Можеби уште има и снег на некој од повисоките планини.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
21,896
8,458
113
Сфатив што сакам нај
Дожд и ладничко во лето ! Дефф тоа !
Јас сакам во лето да истури јако еден час да освежи и потоа да се стабилизира времето. Такво беше денес, наеднаш се стемни, ветер и еден дожд големи капки.

Ама лето го сакам и затоа што навечер кога ќе зајде сонцето е убаво и за шетање.
 

Beauty

Администратор
56,307
72,224
113
Не ви изгледа на претерано ова? Треба да се пази што се претставува како булинг а што не
Мислам обраќањево на родителиве ми е поише смешно него загрижувачки

 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,177
497
83
Не ви изгледа на претерано ова? Треба да се пази што се претставува како булинг а што не
Мислам обраќањево на родителиве ми е поише смешно него загрижувачки

Македонскиот израз е силеџиство и само делумно може да се совпаѓа со обвиненијата од страна на родителите, доколку нивната ќерка е жртва на свесно и намерно изживување, психичка тортура или омаловажување.

Ќе се согласев со тебе дека делува повеќе смешно отколку загрижувачки, но баш вчера се најдов во непосредна близина на жена која телефонски фаќаше врски за оценки во СУГС Јосип Броз Тито, така да држат вода обвиненијата на родителите барем до некаде.

Можеби девојчето ја посветило сета своја енергија на учењето, а некои од професорите намерно и` го спуштаат просекот поради проклети лични фрустрации - ова го имам лично сведочено, а познавам и други кои поминале низ истото, така да дефинитивно држи вода.

Во најмала рака мора да се истражи.
 

Beauty

Администратор
56,307
72,224
113
Ама сегде е ова вака и откако памтам е вака, не е од сега и само за ова школо па родителиве да пишуваат соопштенија до медиуми и најјако им се покачил шеќерот, а детето посетувало психијатри и психолози.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,177
497
83
Ама сегде е ова вака и откако памтам е вака, не е од сега и само за ова школо па родителиве да пишуваат соопштенија до медиуми и најјако им се покачил шеќерот, а детето посетувало психијатри и психолози.
Па можеби тоа е еден од корените на дното кое го пробиваме како општество со секој поминат ден: толеранција.

Толеранцијата раѓа нетолеранција.

Можеби родителите на ова девојче одлучиле дека сега е време за нетолеранција и сосема во ред и коректно би било тие да бидат првите носители на нетолеранцијата.

А кога сме кај педагозите и психолозите - психолог не е исто што и психијатар - посетите кај нив се сосема нормална појава.

Работа на педагогот е да му посочи на ученикот како треба и како не треба да постапува во училиштето и надвор од училиштето, а работа на психологот е да му објасни на ученикот како неговите постапки ќе влијаат врз него/нејзе и останатите ученици, наставници/професори, како и на останатите учесници во неговиот/нејзиниот секојдневен живот.

Психијатарот е веќе друга приказна, негова работа е пред се` да ја анализира состојбата на пациентот, па потоа да предложи терапија доколку има потреба од истата, и на крај да даде совет за тоа како пациентот треба да постапи во одредени ситуации.
 
Top