Max TV

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
17,693
5,216
113
Деновиве регистирани два музички канала

Planeta - Бугарија некаде пред велигден регистриран
Deluxe music и SD и HD - Германиија регистриран од вчера

Каналиве сеуште не се пуштени. Ептен безвезе избор на канал али се надевам нема периодов да запрат тука туку ќе регистрираат и пуштат нешто поатрактивно и поинтересно од ова.
 

TVman

Добро-Познат Член
15,995
12,125
113
Оваа Планета ја имам на кабловска,и баба ми и дедо ми ја обожаваат ради ,,бугарските“ (читај:македонските) песни кои ги пуштаат напладне.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,693
5,216
113
MaxTV имаат нова апликација за андроид MaxTVGO направена по теркот на другите тв оператори од балканот и светот со која ќе може да се гледаат сите канали вклучувајќи ги најверојатно и сите странски канали но апликацијата ќе биде за оние кој имаат мобилен број и услуги во Magenta 1.

Јас се регистрирав но поради тоа што апликацијата е сеуште во тест фаза не е достапно гледање телевизија засега. Исто така може да се пристапи и преку компјутер на веб страната maxtvgo.mk

Со ова прават конкуренција на NeoTV на Neotel.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,693
5,216
113
Ги пуштија каналиве за гледање во MaxTV GO апликацијата и можам да кажам дека не е лоша услугава ама е ограничена само за оние со Магента.

MРТ 1 е во HD и најверојатно Arena каналиве кој не ги ни уклучив денес. На моменти се осетува лошо HD не е исто како на ресиверот кога гледаш.
 

House_

Нов Член
23
0
1
Дали некој знае во што е проблемот и дали е нормално ако имаш 2 ресивери со макс тв,кога сакам да гледам видео или online тв или филм на смарт телефон,таблет и лаптоп,сликата на Макс тв каналите одма почнуваат да сецкат и кочат се додека гледам па се враќат во нормала?? Фала многу за одгворот пријавив во телеком на нивната ФБ страна па чекам одговор
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,159
2,811
113
Еден мој другар има пакет од кај нив и истото му се дешава. Или пак на лап топот ако даунлоадира нешто, интернетот на десктопот кочи.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Ако сте бакар, нормално е.
Ако сте оптика, не би требало да има вакво проблем.

Иначе причината е тоа што MaxTV е IPTV, односно телевизија преку интернет протокол, па ако сте преку бакар, протокот од јасни 10Mbps се дели на двата ресирвери и плус на компјутерот и сите останати уреди поврзани на интернет, што доведува до замрзнување/сечкање/кочење на сликата и звукот.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,693
5,216
113
Пуштени се нови канали

Nat geo wild без превод
Fox Crime со македонски превод
Fox Movies со македонски превод
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,693
5,216
113
Не знам дали видовте но вчера пуштија нов музички канал од балканот.Stop tv каналот е со музика од балканот но со доста подобар избор за разлика од досега пуштениве на MaxTV. Јас како љубител на балканската музика ова супер ми дојде.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,693
5,216
113
Наскоро (овојпат најверојатно без одовлекување) ќе почнат со понуда на HBO GO Телеком.

Вчера проверив на HBO GO има опција за регистрација преку Телеком а доле под опциите за поплнување пишува Магента и 3 макс и повеќе информации на telekom.mk/ hbogo и влегов ја на тој дел од сајтот стоеше рекламен банер со текст "Најдобрие филмски содржини во секое време и на секое место" плус слика и уште еден текст на кој пишува "Наскоро".
Така да да ако чекавме долго ќе почекаме уште малце. Се надевам ќе излезат со детални информации за брзо време и дека веста ќе биде без дополнителна доплата за оние кој веќе имаат пакет HBO.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,693
5,216
113
Покрај добрава вест за HBO GO има и една лоша вест. Од наредниов месец полека по ред ќе ги гасат MTV Adria, Da Vinci Learning, Fashion, AXN, E! Ова го прочитав во сметката од Октомври беше пишано ситни букви.

Дали ќе направат промена со нови канали или одреден периот дупки ќе останат не се знае. Da Vinci го гасат на 1.12.2016 а тој канал им е најголема грешка што ќе го гасат.

Ги прашав на фејсбук не знаеа ништо да ми одговорат туку само добив оној нивни секогаш познат одговор.
 

Bibliophile

Член
459
1
18
Добро, како може да немаат ниеден MTV канал или пак да го тргнат E!? Почнувам да се каам за одлуката што се префрлив кај нив! :luta:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,693
5,216
113
Имаат MTV канали но сите се во еден пакет на претплата а да се прашувам јас не би ги ставил во пакет на претплата затоа што нудат само музички спотови кој истите може да се гледаат и на јутјуб.

Мене криво што ќе ги тргнат MTV Adria и Da Vinci. МТV Adria иако во последниве две-три години опаднат е во квалитет но барем пуштаат добра музика од балканот. Da Vinci им е единствен добар канал каде децата можат нешто да научат.

Mи пишаа дека за каналите замена се Fox Crime, Fox Movies, Stop tv, Deluxe music, Planeta tv.
 

Bibliophile

Член
459
1
18
Знам дека има дополнителен пакет со MTV канали, зборам вака за основната листа со канали која оди без доплата.

M@RKO напиша:
Mи пишаа дека за каналите замена се Fox Crime, Fox Movies, Stop tv, Deluxe music, Planeta tv.
:off:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,039
378
83
M@RKO напиша:
...

Mи пишаа дека за каналите замена се Fox Crime, Fox Movies, Stop tv, Deluxe music, Planeta tv.
Пиши им ти на нив Марче, да ги стават Djazz TV, Classica и Brava, па можеби ќе размислам да им се вратам после неполни 5 години откако ги напуштив.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,693
5,216
113
Сум им пишал многу пати и одговорот е добро познат.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,693
5,216
113
Пред избори пуштија срце и ги пуштија HBO HD сите 3 канали и плус Cinemax 1, 2 само што кај мене ги немаше Cinemax покрај тоа што го рестартирав приемникот. Сега пробувам со целосно ресетирање да ми побара преземање на софтверот одново па ќе видиме дали ќе се појават ако не се појават можеби е о Телеком.

HBO HD Сликата е стакло плус има да се бира и аудио јазик ама не видов дали тоа е за анимираните филмови да бидат сихронизирани на македониски бидејќи немаше сешуте ниеден анимиран филм.


Покрај HBO HD пуштија и HBO GO но на фејсбук никаков текст не напишаа за ова до сега, а на сајтот на телеком ги има во листата и Cinemax.

Eве подетално од HBO
http://www.hbo.mk/article/hbo-go-%D1%83 ... 0%BC_54758
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #298
M@RKO напиша:
Покрај HBO HD пуштија и HBO GO но на фејсбук никаков текст не напишаа за ова до сега.
Без никаква претплата се пуштени каналите и достапни за сите?

До кога ова ќе трае да не знаеш?
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,693
5,216
113
Bobi! напиша:
M@RKO напиша:
Покрај HBO HD пуштија и HBO GO но на фејсбук никаков текст не напишаа за ова до сега.
Без никаква претплата се пуштени каналите и достапни за сите?

До кога ова ќе трае да не знаеш?
Не не се бесплатни. HBO HD каналите пуштени се во пакетот HBO, a Cinemax гледам не е дел од пакетот HBO иако се канали од иста фирма.

Јас ги немам сеуште Cinemax ? Некој ги има ли.? Гледам и тие треба да се и со HD верзија.
 
Top