Max TV

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Blagojche

Добро-Познат Член
4,162
559
113
Крајно сум изреволтиран од Македонски Телеком! Дно дна се веќе! Повеќе месеци наназад имам проблем со интернетот и МАКС ТВ, и тоа откако дојде екипа повеќе пати. Штом надвор дува ветар јас немам нит интернет, нит телевизија. Нон-стоп паѓа, кочи, и тоа на секое. Последниов пат ми го сменија и рутерот односно, интернетот и телевизијата се одделни, не се веќе поврзани, и ми рекоа сега нема да имам никаков проблем, ама јас пак имам, и тоа револтира! Ми рекоа дека ќе ги префрлаат на оптички начин и оттогаш никогаш немало веќе да има проблеми. Нивниот одговор е дека бандерата на која сум приклучен е далеку од мојата куќа и затоа се случува тоа што се случува. Ужас, а плаќам 3.000 денари... Сега ќе им речам да ме префрлат на некоја поблиска бандера или ќе ги откажам!
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,039
378
83

Доколку живееш во куќа и користиш кабелски/DSL Интернет и/или кабелска/дигитална телевизија преку бандера, тогаш најлесно можеш да ја испиташ техничката можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком со проверување на која бандера се наоѓа најблискиот извод од оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Македонски Телеком за воздушни оптички телекомуникациски приклучоци ги користи изводите Corning Multiport Optical Box - MOB и Corning UCAO.

Многу е важно да се увериш кај првиот извод - MOB, дека има точно 12 порти, односно 4 редови со по 3 порти во секој ред, бидејќи ако најдеш MOB извод со помалку или повеќе од 12 порти или со поинаков редослед, односно повеќе редови со помалку од 3 порти или помалку редови со повеќе од 3 порти, тогаш тој извод не е од Македонски Телеком.

https://ecatalog.corning.com/optical-communications/US/en/Fiber-Optic-Hardware/Terminals/OptiSheath®-MultiPort-Terminal,-Single-Tube-Gel-Filled-Cable,-Toneable,-Stubbed,-12-port/p/optisheath-multiport-terminal-single-tube-gel-filled-cable-toneable-stubbed-12-port

https://ecatalog.corning.com/optical-communications/US/en/Closures/Fiber-Optic-Closures/OptiSheath®-Sealed-Terminal,-UCA-Series/p/UCA5-126CP-W

А ако го видиш овој цилиндаров или некој од овие други видови на изводи, слободно заборави ги, Македонски Телеком не користи такви спојки за на бандера.

https://www.corning.com/catalog/coc/documents/brochures/CRR-1293-AEN-FDC-Fiber-Dome-Closure.pdf

https://www.corning.com/catalog/coc/documents/brochures/CRR-1297-BPEO-Closure-Series.pdf

https://www.corning.com/catalog/coc/documents/brochures/CRR-1295-AEN-MPE-Closure-Series.pdf

Под претпоставка дека ќе најдеш некој од MOB или UCAO изводите прикажани на најгорните две фотографии, провери убаво дали има слободни порти, односно затворени приклучоци на самиот извод, за да се увериш дека има техничка можност за да се направи воздушна инсталација за оптички телекомуникациски приклучок до твојата куќа.

Исто така важна е` и оддалеченоста од најблиската бандера со MOB или UCAO извод до твојата куќа. Најголгиот оптички кабел за воздушен оптички телекомуникациски приклучок на Македонски Телеком е долг 300 метри, доколу оддалеченоста од најблиската бандера со MOB или UCAO извод до твојата куќа е поголема од 300 метри, тогаш немаш техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком преку воздушен оптички телекомуникациски приклучок.
 
Some Special

Добро-Познат Член
14,058
20,039
113
Android box нова понуда од Телеком. Се надевам ова кога тогаш ќе почнат да го нудат и на сите нови корисници.
Па го нудат ама ако си го платиш уредот. Корисниците на Магента 1 со Макс ТВ, ако сакаат да го земат, ќе треба да го платат уредот кој чини 5200 денари. А оние што користат Магента 1 без Макс ТВ, уредот ќе им го дадат за 1 денар, а месечно ќе треба да плаќаат по 400 денари.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
17,656
5,190

Мое мислење е да се почне со замена на овие стандардние IPTV приемници со Android tv за оние со неограничен и оптички интернет.

Сепак Android tv бара и повеќе интернет бидејќи мислам повеќе троши од интернетот.

Како и да е Android tv е иднината во технологијата. Повеќе ќе може да се понуди подобар квалитет на слика, повеќе HD канали, додатни апликации и така не мора се да биде во една апликација.
 
Some Special

Добро-Познат Член
14,058
20,039
113
Овој уред ги нема сите функционалности како обичните ресивери. Не можи да се снима, можиш да враќаш програма само од последните 3 дена и само за 10 канали (на обичниот можи 7 дена на 29 канали), не можиш да се претплатиш на дополнителен пакет, и не се овозможени останати други функционалности кои ги има кај обичните ресивери. Плус, викаат демек за во викендица, или каде и да сакаш надвор од домот, а уствари мора да си врзан со фиксниот интернет од Телеком. Ако ги тргнеме Андроид функционалностите, ова на крај му доаѓа као MaxTV Go ама на телевизор.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
17,656
5,190
113
МaxTV GO има подобар дизајн.
20200717_215602.jpg
20200717_215251.jpg

Дека нема снимање можеби за некого е мана но мене и на овие обичниве ресивери со снимање не ми е многу потребно тоа снимање. Не се сеќавам кога последен пат сум снимал тв програма.
Гледам во спецификациите дека ресиверот има и DVB T што значи можеби е возможно се гледаат дигитално македонските канали па преку USB тие да се снимаат.
 
Blagojche

Добро-Познат Член
4,162
559
113
Гледам кај нас во Прилеп имаат пуштено нов канал, регионален, охридски „МОРИС“ ама нема програма, односно пишува дека во моментов тв не емитува програма.
 
TVman

Добро-Познат Член
15,969
12,088
113
Гледам кај нас во Прилеп имаат пуштено нов канал, регионален, охридски „МОРИС“ ама нема програма, односно пишува дека во моментов тв не емитува програма.
Тој канал одамна постои во Охрид. Веројатно од скоро почнал да се емитува по регионот.
 
Blagojche

Добро-Познат Член
4,162
559
113
Чудно што нема програма, туку само известување дека не емитува програма во моментов.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
17,656
5,190
113
После долги години можеби ќе се префрлам во А1.
Искрено ако се откажам од Телеком ќе ми фали во некој ситуации ТВ тека, Снимање, Премотување.
 
Some Special

Добро-Познат Член
14,058
20,039
113
Подобро оди на Неотел. Па уште ако има оптика до твоето место на живеење, мх, мх.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
17,656
5,190
113
Во А1 работи од брат ми жена таму па она ми понуди опција да се префрлам таму. Пред неколку месеци во мојата зграда од А1 ставаа кутии за оптички интернет.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
17,656
5,190
113
Дали тоа Телеком почнуваат со подобрување на сликата на SD каналите? Гледам Ал Џазира, Виасат документарните канали, Спорт клуб 1 имаат доста подобрена слика кој се HD но со доста намален квалитет битрејт или како и да се вика тоа на македонски. Разликата на овие канали во SD и истите во HD e што на SD кога се менуваат кадри и брзи движења се приметуваат пиксели т.е се губи тој чист квалитет на слика.

Браво за ова. Ако воопшто ваквото подобрување е направено од страна на Телеком тогаш би било добро ова да го направат и на други тв канали кај што може тоа да се направи.
 
Доцниш со веста бидејќи сите телевизиски оператори ја подобруваат сликата на своите ТВ канали.

Неотел исто така од почетокот на октомври 2020 прво ги префрли ЕуроСпорт и ЕуроСпорт 2 во слика со висока High Definition (HD) резолуција, а од минатава недела и Viasat History го емитуваат во HD резолуција.

Кога сме кај Ал Џезира и Спорт Клуб 1, Неотел од поодамна ги емитува во HD резолуција, А1 Телеком исто така од памтивек го емитува Спорт Клуб 1 во HD резолуција, односно Македонски Телеком се тие кои доцнат со ваквиот новитет.
 
nina

Активен Член
181
117
43
Локалните оператори овие промени ги имаат уште пред 2 години, незнам колку треба да бидеш заостанат за да бидеш претплатник на Макс Тв.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
17,656
5,190
113
Доцниш со веста бидејќи сите телевизиски оператори ја подобруваат сликата на своите ТВ канали.

Неотел исто така од почетокот на октомври 2020 прво ги префрли ЕуроСпорт и ЕуроСпорт 2 во слика со висока High Definition (HD) резолуција, а од минатава недела и Viasat History го емитуваат во HD резолуција.

Кога сме кај Ал Џезира и Спорт Клуб 1, Неотел од поодамна ги емитува во HD резолуција, А1 Телеком исто така од памтивек го емитува Спорт Клуб 1 во HD резолуција, односно Македонски Телеком се тие кои доцнат со ваквиот новитет.
Знаеме дека Телеком доцни со додавање HD канали ама причината им е затоа што нема секој добра линија на интернет. Ете кај мене увек кога пуштам HD 5-10 секунди и повеќе е замрзната сликата и му треба време додека се одмрзне, а кога ќе пуштам и на интернет HD видео на Јутјуб и HD канал не оди најдобро таа комбинација. Јутјуб видеото не се вчитува одма толку брзо и кога гледаш Јутјуб видео ќе го гледаш "на рати"
 
M@RKO

Добро-Познат Член
17,656
5,190
113
Не можам да уредам пост па ќе допишам со нов.

Македонски Телеком нуди и HD канали но мал број. Ете Sport klub 1, 2, 3 ги има во HD но и во SD квалитет. Вчера видов дека Sport klub 1 SD сега е во HD но со намален квалитет на битрејт.

Би сакал да се префрлам јас на А1 но ете некој работи што ги има Телеком кај телевизијата и мобилните услуги ги нема во А1.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,039
378
83
Знаеме дека Телеком доцни со додавање HD канали ама причината им е затоа што нема секој добра линија на интернет. Ете кај мене увек кога пуштам HD 5-10 секунди и повеќе е замрзната сликата и му треба време додека се одмрзне, а кога ќе пуштам и на интернет HD видео на Јутјуб и HD канал не оди најдобро таа комбинација. Јутјуб видеото не се вчитува одма толку брзо и кога гледаш Јутјуб видео ќе го гледаш "на рати"
Добра Интернет линија ќе си имаш кога ќе се префрлиш на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, на Неотел или на А1 Телеком. Оптичката телекомуникациска мрежа на Телекабел - под претпоставка дека е достапна на твојата адреса на живеење - слободно заборави ја дека постои, за нив само поплаки се имам изнаслушано, оптичкиот кабел им е одличен, па дури и подобар од тој кој го користат Македонски Телеком, А1 Телеком и Неотел, ама затоа оптичкиот сигнал им е катастрофа, залудно потрошени пари на одличен оптички кабел кога оптичкиот сигнал им е катастрофа.

Преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком можеш да користиш оптички Интернет не само од Македонски Телеком, туку и од А1 Телеком или од Неотел - по твој избор, се разбира.

Доколку нема техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком во станбената зграда во која живееш или на улицата на која живееш - доколку живееш во куќа, тогаш ти останува опцијата да поднесеш барање за испитување на техничка можност за хибридна линија на твојата адреса на живеење, па ако ти го одобрат барањето, тогаш ќе добиеш можеби не многу брз Интернет, но барем стабилен додека не добиеш техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Друга опција се разбира, ти е префрлување на А1 Телеком или на некој друг оператор.

Доколку живееш во куќа, тогаш најдобра опција ти е сателитска телевизија од Тотал ТВ, бидејќи имаат најдобра понуда на канали во висока резолуција High Definition (HD), а истото важи и доколку живееш во станбена зграда, а станот да има добар поглед кон југ и кон југо-запад, каде што се повеќето европски сателити.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
17,656
5,190
113
Kaj мене лани мислам копаја за оптички интернет и наместија сандачиња на секој спрат од А1. Е сега ако се префрлев на А1 ќе земев оптика но тоа изгледа нема да го правам. Останувам на Телеком како што пишав само затоа што некој работи на кој сме се навикнале ги има таму. Има цел пакет HBO со се Cinemax 1, 2, Аrena Sport, месечно се префрла за нареден месец непотрошениот интернет на мобилен..

И да има да речеме опција само дома интернет да земеш од друг оператор а телевизија од Телеком пак би се одлучил се да ми биде да речеме од еден оператор за да не ми доаѓаат посебни сметки барем кога е прашање за интернет, телевизија и телефон.
 
Top