Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,039
378
83
M@RKO напиша:
Знам дека е поврзано со тој SATA во компјутерот ама не знаев дека постои вака со USB. Сaмо гледам на сајтот на Anchoch не е достапен во Тетово, но ќе отидам некогаш да видам дали воопшто имаат. Фала за помошта. Имам два хард диска а на нив куп слики и други работи останато ама од мрза и немање време не сум проверил дали постои можност за да се користи и надвор од компјутер.
Еве ти алтернатива за само 45 денари повеќе која ја има на залиха во салонот на Анхоч во Рамстор во Тетово.

http://www.anhoch.com/product/37840/usb-30-docking-station-for-25-and-35-sata-hdd-hd32-u3s-2

Разликата е во тоа што со оваа таканаречена станица за хард дискови може да се користи само со хард дискови и SSD дискови, но не може да се користи и со CD, DVD и/или BluRay режачи.

Јас лично попрво би го купил SATA адаптерот, не бидејќи е поевтин, туку бидејќи може да се користи и со CD, DVD и/или BluRay режачи.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,693
5,216
113
Анхоч во Рамстор во Тетово ? Мислиш на Рем Центар- Remall Renova :)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,039
378
83
^

Добро де, печатна грешка, лесно се мешаат две имиња кои ги содржат буквите р и м. :)

Битно знаеш дека имаш алтернатива поскапа за само 45 денари, а истовремено достапна на залиха во Тетово, иако јас лично би го купил SATA адаптерот.

Всушност, бидејќи Анхоч веќе имаат салон во Тетово, можеш да им побараш да го испорачаат SATA адаптерот за да пристигне во нивниот салон во Тетово.

Најверојатно ќе ти побараат да го платиш однапред за да го испорачаат или ќе ти побараат капар помеѓу 200 и 500 денари, ма да не верувам, премногу е евтин производот и веќе го имаат на залиха во Скопје, што значи дека дури и ако се премислиш и во последен момент одлучиш да не го купиш производот, сепак нема да работат со загуба бидејќи не го нарачуваат производот од странство или од некоја друга фирма, туку само го испорачуваат од нивниот салон во ГТЦ Скопје до салонот во Тетово.
 

TVman

Добро-Познат Член
15,995
12,125
113
Христос воскресна ! За многу години нека ни е празникот :)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,039
378
83
^

Навистина Воскресна !!!

Честит Велигден на сите !!!
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,693
5,216
113
Честит Велигден на сите. Христос воскресе!! За многу години.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,693
5,216
113
Ова се се кратки филмови.

Тој Дете го има на интернет да се гледа.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,168
570
113
Дали сега се плаќа радиодифузна такса со новава Влада? Као на овие што имаат кабловска (а не се на T-Home) Им дошло поскапо и од операторите им рекле дека плаќаат за МТВ.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,159
2,811
113
Мислам дека нема врска. Плаќаат 50 ден. поскапо пошто локалните оператори, Телекабел, Кабелнет... оскапеја за 50 ден. со изговор за поскапи авторски права за одредени канали.
 

Beauty

Администратор
47,302
57,221
113
Mоже ли некој да ми каже дали може да се блокираат оние досадни реклами на Нетфликс што се појавуваат на Youtube? И на мобилен дури се појавуваат од пред некое време.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,693
5,216
113
Инсталирај AdBlock на прелистувачот ако е на компјутер а за на мобилен никогаш не сум пробал да инсталирам иако знам дека постои исто AdBlock.

Adblock ќе ти ги отстрани сите такви реклами на било кој сајт и во било која форма (видео или фото реклама) да се појавуваат.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,168
570
113
Каде можам да најдам тука, во Македонија, оригинални iPhone батерии и колку би чинеле истите?
 

Transporter

Активен Член
520
221
43
Дали некој знае како да ја врзам камерата преку Мини HDMI излезот во компјутерот за да можам да ја користам како live preview, компјутерот ми нема HDMI in, само излез но тоа нема врска туку е на графичката картичка. Ако некој има искуство како да го решам ова прашање и дополнително знае кај може да има таков некој додаток ве молам да ми сподели,
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,039
378
83
Дали некој знае како да ја врзам камерата преку Мини HDMI излезот во компјутерот за да можам да ја користам како live preview, компјутерот ми нема HDMI in, само излез но тоа нема врска туку е на графичката картичка. Ако некој има искуство како да го решам ова прашање и дополнително знае кај може да има таков некој додаток ве молам да ми сподели,
Дури и ако имаш HDMI или мини-HDMI порта на компјутерот, сепак нема да ти заврши работа, бидејќи портите за видео сигнал на компјутерот се` само излезни, односно можат само да праќаат видео сигнал кон телевизор/монитор, а не и да примаат видео сигнал.

По логика на нештата, за да можеш да пренесуваш видео сигнал од камера на компјутерот, треба тоа да го направиш преку USB порта, но само ако камерата технички го дозволува тоа, односно не е доволно само камерата да има USB порта, туку треба да е направена така што самиот компјутер ќе ја препознае како камера и ќе инсталира драјвери за камерата. Таквите драјвери компјутерот може сам да ги најде, но можат да доаѓаат и на CD кое дошло со самата камера. Но и ова не е доволно, треба да имаш и софтвер за снимање на аудио и видео содржините од камерата, кој мора да доаѓа со самата камера, или барем да е` достапен на официјалниот веб сајт на производителот на камерата.

Еве како можеш да надоместиш за недостатокот на HDMI порта на компјутерот, но сепак ова нема да ти го реши проблемот, бидејќи како што веќе спомнав, видео портите на компјутерот можат само да праќаат сигнал, но не и да примаат сигнал.

http://www.loging.mk/207/194808/0/ShowProduct/Video_konvertor

http://www.loging.mk/437/178574/0/ShowProduct/HDMI___DVI_konektor_adapter

http://www.loging.mk/1933/193289/0/ShowProduct/Dok_stanica

Ниту едно од овие понудени решенија нема да ти го реши проблемот, туку може само да ти заврши работа за поврзување на камера преку HDMI кабел со телевизор/монитор кој нема HDMI порта, под услов да има VGA или DVI порта. Со последното понудено решение ќе можеш компјутерот да го поврзиш со телевизор/монитор преку HDMI кабел, под услов телевизорот/мониторот да има HDMI порта. И сепак на телевизорот/мониторот само ќе се прикажува видео снимката, бидејќи како што знаеме, телевизорите/мониторите не можат да снимаат, туку само да прикажуваат звучни и видео записи.
 
Последен пат уредено:

hakuna_matata

Активен Член
834
65
28
Дали може да се менува корисничкото име на форумов, ако да како, а ако не, зошто не?
 

hakuna_matata

Активен Член
834
65
28
Имам проблем со форумот. Само од телефон ми го отвара, од компјутер не сака да го вчита.
На некој друг му се јавува овој проблем?
 
Top