Топ Шоп, Каталошки продажби-купување, online-шопинг

  • Автор на оваа тема Missy
  • Датум кога е започната темата

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #1
Дали често купувате производи од наведените места или повеќе сакате од продавници каде што можи да се види производот?

Мене ми се случува да порачам од Oriflame/Avon понекогаш. За купување од странство немам купено. Сакавме некои работи од Target да порачаме, да стасаат кај роднини во други држави и тие да ги препратат кај нас ама само испораката чинеше огромна сума, па царини и слично и така сега за сега јас и моето семејство си купуваме од продавници.
Гледав дека некои продавници и во Македонија почнуваат да нудат испораки до дома така да тоа за понатаму може да дојде во предвид.
За од ТопШоп немаме ништо порачано. Често ако ни се допадни нешто прво на интернет барам costumer review и бидејќи ретко кој дава препорака за купување, повеќе се оние против производите немаме ништо порачано
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Од Топ Шоп јас лично имам порачано Total Gym, додека мајка ми Turbo Oven, Bullet Express и едно апаратче за правење крофни што не знам како се вика. Во глобала задоволни сме од производите, а и плус дома ти стигнуваат без да се влечеш по продавници, дефинитивно преферирам таков начин на шопинг кога се работи за домаќинство.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
OK е ваков начин на купување, но само на производи кои не може да се најдат во продавниците.
Не знам зошто би купувал производ кој го немам видено во живо и би им верувал на рекламите.
Јас од ТопШоп имам купено Орбитрек, од ТопШоп бидејќи го нема во други продавници и бидејќи ми го донесоа дома (не бесплатно), но прво бев во нивните продавници да го испробам и да се уверам дека не давам пари за џабе.

Да поврзам малку до темата и со телевизијата.
Не знам од каде ТопШоп наоѓаат толку пари да се рекламираат ПО ЦЕЛ ДЕН (буквално) на телевизија, ама телевизиите треба да го ограничат таквото перење на мозоците на домаќинките.
 

igorao85

Нов Член
1,784
0
0
Овој начин на продажба е и повеќе од Ок само што во Македонија ми се чини дека не е доволно развиен. Што се однесува до топ шоп, не знам колку им држи нивното мото "Брзо, лесно и сигурно, се на едно место" бидејќи од реакциите што ги слушам од повеќето луѓе ( сега Крис ме изненади дека е задоволен од производите) се дека освен агресивна рекламна кампања нудат и неквалитет и шит ствари. Е само за толку фамозниот Power Juicer сум изнаслушал убави работи ама сум се убил од смеење кога едни Канаѓани правеа пародија на рекламата ставајќи во него од хамбургери, чизбургери до патики:haha::):haha::haha:
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #5
Не мора само за ТопШоп. Сега ја гледав страната од TeaColors и можи да се порачува преку интернет ама не најдов информација колку пари се плаќа поштарина за другите градови. За Скопје пишуваше бесплатно.
Исто на пример БебеСупермаркет некоја продавница од СК нуди интернет порачки и бесплатна достава на работите ако вкупната сума е над 1800. Братучеди мои често го користат ова. Само доаѓањето во Ск со кола ги кошта околу 1800 денари па така тие пари наместо за пат порачуваат работи за бебето или за подарок
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,594
5,143
113
Bullet Express има мајка ми купено од Топ шоп ,а пред неколку години татко ми од Топ шоп купи некој закачалки ама ич не беа добри се испоискршија
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #7
Ај бидејќи има и online shopping во темава овде ќе пишам. Дали имате резервирано за одмор ( ако го сметаме како еден вид шопинг ова) преку интернет и тоа на пример со месеци унапред?

Немам намера да резервирам ама баш гледав некои сајтови и ме интересира што мислите колку е безбедно така да се резервира во поглед на сметување и сл?
Не дека нешто подобро/побезбедно е во агенција. Имаше пред некоја година случај ученици да платат за екскурзија во Будимпешта во хотел со 3 ѕвезди, а да завршат во бараки во кои ни прозорците не функционирале како што треба, плус со заеднички тушови за сите бараки и утше многу работи кои не се ни во хотел со пола * , а од агенцијата им рекле дека тоа е дел од хотелот планиран за ученици/студенти
 

Beauty

Администратор
46,731
56,249
113
Јас знам позитивно искуство од такво плаќање. Мои другари и другарки лани така уплатија за зимување и се си било сигурно. Мене ме плаши таквото плаќање, но мислам дека многумина го користат.
А Топ Шоп :kill: Ми се крева коса од тие реклами. Нови се изгледа некои перници во форма на буба мара, кученце.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #9
Баш за нив читав позитивни коментари на интернет. Ако ме заинтересира некој производ прво барам costumers review на интернет после размислувам ама сепак ништо немаме порачано.
Сега на booking.com гледав за соби во Бразил во Рио. Не знам кога е карневалот в година, а и далеку сум од одење ама на пример за 3 вечери последните денови во февруари има слободно само во 4 хотели соби за 4ца и некаде се 550-800 долари.
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Тука скоро се (освен храна :D) купуваме од интернет. Топ Шоп производите ги има и во нормални продавници,само многу поефтини и без некој дел од нели ексклузивната понуда на тв. Облеката е поефтина на интернет,и често има диал за фри шипинг и само идам у продавница ја пробувам,и ја нарацувам истата од нет за пониска цена. Карта за Македонија си купив од интернет;сметки не стигат дома,туку онлајн се плакат. Дури можам да купам производ како поклон и да го пратам дирекно на адреса,али штета нема таква опција за Македонија :cekam:
 

yaprak_sonunda

Нов Член
217
0
0
Уште за онлајн купувања сме ние македонците... :)))))))))
Ма тоа ти е бре све вештачка, америчка работа... Дајте нормален живот! Ќе купувам јас закачалка од телевизија, пффффффффф, не можам да излезам на пазар да си купам. Свашта!
Имам купувано, како не... Соковникот пауер џусер, нема врска... Не е нишо посебно .
Добив награда, ваучер 1500 денари еднаш, си купив машина за бричење, не ни знам кај ми е, не сум ја ни вклучил оти слушнав дека биле тапа... Ама немаше што друго за тие пари па затоа купив :))))
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #12
Тоа е со начинот на живеење не е само американска работа. Сепак во другите земји имаат и поинакво работно време и помалку слободно време од нас, а и така се навикнати. Мене на пример за гардероба ми е поубаво да излезам да ја прошетам цела чаршија, па после со друштво да седниме некаде и цел ден така да изгубам. Ама некој што нема слободно време до толку сигурно му е полесно, побрзо, а и поевтино како што кажува Ана Марија да си порача преку интернет.

Исто на пример и немаат толку блиску до нив трговски центри и слично ова за гардероба пишувам. Ако мене ми е 15 мин одење чаршијата оддалечена во некои места луѓето и со 1-2 часа возење не можат да стасаат
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #13
Еве уште една страна за online-shopping во Македонија http://www.tc.mk/
Има добри производи ама барем за мене некои се навистина скапи
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #14
Дали имате порачувано нешто преку интернет? Гледам по други форуми АSOS се споменува премногу па разгледував и има интересни работи. Не знам дали примаат дебитни картици за плаќање. Имам VISA electronic на Алфа банк ама немам проверено за тоа.
И во случај да порачувам нешто би порачала блуза, фустанче или бижутерија пред се заради големините бидејќи не знам со бројките точно.
На пример гледав на Асос фустанче и пишува моделот/манекенката е 175см во висина, а фустанот бр. 36 по европски стандарди. Е сега јас ја немам таа висина ама во зависност од моделот 36 купувам само ако е нешто еластично.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #15
http://www.topshop.com.mk/h2o_mop_x5-28 ... int=NA_osm
http://www.topshop.com.mk/index.asp?tn= ... int=NA_osm

Да не имате купено некој од овие 2 чистачи? Мајка ми сака да се поднови, но не знам бар за квалитетот. За Shark имам читано дека има доста квалитетни производи ама баш за овој има поделени мислења. Голем број позитивни, но и негативните се тука така да моментално сме во дилема.
Мене ми се допаѓа Шарк повеќе ама прво да собереме искуства. Инаку да напоменам дека во главно имаме дрвени подови, ламинат и паркет. Кујни и купатила со плочки. За плочките и не ми е некој проблем ама дрвениве подови да не се отшетат
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Едното, не знам кое, го имаат купено едни соседи, и воопшто не се фалат. Не го ни користат.
Баш пред некое време со мајка ми зборуваа за чистење, за правосмукалки, за кирби... И оваа сосетката спомна дека не сака да купува ништо од топшоп, демек ова не и се погодило, баш прашуваше дали сме сакале да дојдат за презентација на кирби и да ни исчистеле со него.
Тие имаат ламинат и воопшто не го користеле, ништо не заменувало метење со правосмукалка и после бришење со џогер и средство. А исто за плочки ништо не заменувало џогер и средство.
Уствари, го имам видено, го имаат купено тоа зеленото од првиот линк. Леле катастрофа, изгледа како играчка, многу ефтина пластика.
Нека појди мајка ти во топшоп продавниците и нека ги види пред да дава 7000 за играчки.
Ако сакаш ќе појдам и ќе го сликам да видиш како изгледа. Буквално како играчка.
Не препорачувам, ако сака да се поднови со нешто ново за чистење нека си купи некоја подобра правосмукалка со вода, ама од продавница.

едит еве за другото најдов линк на јутјуб и можеш да видиш дека не чисти ништо.
http://www.youtube.com/watch?v=Obu5ZyaCnQA,
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #17
За Кирби имаат дојдено неколку пати кај нас на презентација ама 1900-2500 евра не се сума што би ја дале за правосмукалка па марак и од злато да е

Инаку овие или некоја од овие воглавно баш за плочките и дрвениот под ги сака. Ќе видам во топ-шоп деновиве дали има некој отворен производ за проба таму барем во продавница
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Уствари еве гледам дека на јутјуб има доста видеа од домашна употреба на овие двете и можеш да видиш дека не се корисни и дека изгледаат како играчки.

Значи што ти прави маркетингот, на рекламите изгледаат цврсти големи машини, а во реланост играчки.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,594
5,143
113
Missy напиша:
http://www.topshop.com.mk/h2o_mop_x5-289874-mm.html?csu=general&cix=145639&med=osm&orig=NA&vir=no&srcint=mk_gen_general_osm_sa&refint=NA_osm
http://www.topshop.com.mk/index.asp?tn= ... int=NA_osm

Да не имате купено некој од овие 2 чистачи? Мајка ми сака да се поднови, но не знам бар за квалитетот. За Shark имам читано дека има доста квалитетни производи ама баш за овој има поделени мислења. Голем број позитивни, но и негативните се тука така да моментално сме во дилема.
Мене ми се допаѓа Шарк повеќе ама прво да собереме искуства. Инаку да напоменам дека во главно имаме дрвени подови, ламинат и паркет. Кујни и купатила со плочки. За плочките и не ми е некој проблем ама дрвениве подови да не се отшетат
Шарк еднаш донесе мајка ми дома ,имаше некој од моја фамилија купено ,јас дома имам плочки во кујната ,трпезаријата,дневната ,а во спланата и мојата соба имам ламинат .

Го пробавме на плочи добар е ама треба доста чистење ,крпата од бела стана црна , а ден пред да го пробаме Шарк мајка ми со џогер бришеше скоро секој ден . Премногу пареа излегуваше од него .
Не ни беше во план да го купиме онака само да испробаме :)
 

hakuna_matata

Активен Член
833
62
28
Ме интересира има ли некој купувано од Амазон?
Зошто сакам да купам една книга, па ме интересира коментари дали некој купувал нешто, дали го чинело фазла од предвиденото, и на што да обрнам внимание ;)
 
Top