Списанија

  • Автор на оваа тема M@RKO
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
17,593
5,143
113
  • Автор на оваа тема
  • #1
Дали редовно купувате списанија ? Кое списание го купувате и читате редовно?

Едно време редовно купував Ентер и немаше месец а да не собирам пари, трчам по трафики за да го купам. Бев луд по тоа списание, одвај чекав да го земам во раце новиот број за го читам и цд-то да го уклучам на компјутерот . Престанав да го купувам откако престанаа да се емитуваат на А1 емисиите . Лани ми варосуваа дома и ги фрлив сите можни броеви во канта бидејќи фаќаа прашина повеќето ми се испокинаа, а и беа со застарени иформации кој ден денес тие не вредат да се чуваат.

Откако престав да купувам Ентер ,неколку пати сум купувал хрватски и српски списанија за ИТ кој се доста подобри од Ентер македонското списание но се поскапи ,па јас во една трафика ги наоѓав постари броеви и така поефтино ги купував. Од ИТ списанија купував и други македонски на кој не можам да се сетам на имињата а од пред некоја година сеуште ги чувам броевите на CLICK македонското списание кое за брзо време згасна.

Освен ИТ списанија сум купувал Bravo тинејџерското списание и српското и германското издание највеќе ради постерите и подароците кој ги имаше, купував Тин Шема, списанија за машки СKM, MAXIM, FHM.

Откако се токмев да купам фотопапрат почнав да купував едно српско списание за фотографија ReFoto се додека еден период веќе и не го носеа по трафикиве во мојт град.

Ауу!! премногу пари сум трошел на списанија :406389:

Денес ретко купувам списанија, но од пред некој месец се појави едно ново македонско списание спортско SPORT BOX во кој даваат гратис спортски книги и сето тоа за 200 денари па сега само тоа купувам.

Јас се изнапишав ,ај да оставам малку и вие да пишете нешто на темава па да почнат дискусиите :namignuva: .
 

Beauty

Администратор
46,731
56,248
113
Не купувам македонски/хрватски списанија. Порано купував многу, веќе ништо. Македонско, ни весник не купувам.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,146
533
113
Јас твновеле го купував редновно но откако ми ја затврорија бутката од каде што го купував, престанав.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,141
2,789
113
Не давам сега пари за списанија па што сака нека е. А, и порано ретко купував. Ама памтам имав скриено едно еротско списание под кревет и ко кречевме брго брго го скрив да не ме фатат. :406389:

Инаку, знам да си прочитам некоја вест од Вест дури чекам во берберницата. 46464
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Моите купуваат Теа Модерна па таа ја читам, прилично добра е, ептен се одлични во текстовите и настаните :)
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Не купувам воопшто. Памтам во училиште, уште од забавиште не лажеа и ни продаваа росици, другарче, развигор, наш свет, некои англиски списанија, дури и во средно ни продаваа за повисока оценка, не знам зошто не се реагираше ништо тогаш за тој криминал што го правеа со учениците.

Памтам и јас купував Ентер заради цедеата со програмите, ги имам скоро сите броеви, од време на време купував и Плугин, и тоа беше списание за компјутери со подобри пограми во цедето, и имаше уште едно, ПЦ инфо на неколку пати купив, имаа распродажба по 5 списанија во едно. Сите цедеа си ги чувам во папка, баш сега проверив, ги имам сите Ентер до број 48. Мислам дека купував и после, ама не ми се наредени во папката.
Купував и неколку броја едно хрватско списание BUG исто и тоа заради цедето.

Купував и ТЕА модерна кога даваа филмови и колекции со класична музика. Ја имам и таа цела колекција. И сите тие македонски филмови кои ги даваа на дивиди, Мис Стоун, Волчја Ноќ.

Човек без интернет. Интернетот смени се, нема нешто кое денес би ме привлекло да купам списание, нема содржина која не може да се најде на интернет.
 

alek

Активен Член
768
219
43
јас зимав едно време твновеле, свет, и ла нова(заради филмовите :) ) сега ништо не зимам некако ми се дебилни овие списанија а и информаците во нив ми се катастрофални
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,593
5,143
113
  • Автор на оваа тема
  • #8
alek напиша:
јас зимав едно време твновеле, свет, и ла нова(заради филмовите :) ) сега ништо не зимам некако ми се дебилни овие списанија а и информаците во нив ми се катастрофални
Го заборавив тоа Ла нова да го пишам . Тоа јас исто го земав ради филмовите.


Исто и весници сум земал ради филмовите и би земал пак да има филм со весник или списание.
Татко ми купуваше до пред неке време Дневник весник ама престана не знам од која причина не сум ни го прашал, а мајка ми купува по некогаш Теа Модерна или Убавина и Здравје.
 

Beauty

Администратор
46,731
56,248
113
Да.
Двојно или тројно е наален бројот на страници, чини 35 денари (порано беше 20 и 30). Кога го разглдав пред една недела, тоа беше катастрофа. Штета во што се претвори Свет, а треба да имаме добро таблоид списание.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,593
5,143
113
  • Автор на оваа тема
  • #12
Конечно и ние да имаме македонско списание наменето за нас мажите. Сите списанија македонски највеќе се наменети за жените додека за мажите (мислам на списание со повеќе теми за мажите) немаше се до ден денес.

ПРОМОВИРАН Е ММАГАЗИН, ЕДИНСТВЕНИОТ МАШКИ МАГАЗИН ВО МАКЕДОНИЈА
http://kapital.mk/promoviran-e-mmagazin ... m=daily.mk

Многу слични македонски списанија пропаднаа кој финансиски, кој од мала продажба и многу други причини но ова се надевам ќе заживее и ќе се продава долго низ трафиките во државава.

50 денари е а на доста квалитетна хартија отпечатено, доста колоритно, голем формат, многу фотографии. Набрзинка го видов во една трафика но деновиве ќе го купам па да видам содржински дали ќе ми се допадне. Сакам списанија да читам и баш ги сакам овие со многу страни, фотографии, и убав дизајн.
 

Hook'O

Добро-Познат Член
1,431
61
48
Што бидна со филмското списание што го имаше лани? Филм плус мислам дека се викаше или не?
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,593
5,143
113
  • Автор на оваа тема
  • #15
После тие три броја е како додаток во Слободен печат, не знам дали сеуште е таму додаток но мислам заради немање финансии за самостојно да биде издавано сепак се одлучиле да е дел од весник.

Еве ви неколку броја
https://issuu.com/filmplusmk
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,593
5,143
113
  • Автор на оваа тема
  • #16
По згаснувањето на Теа Модерна се раѓа Леона Магазин. Најверојатно не се работи за истиот тим но сепак јас лично сметам дека ова ќе биде некоја замена на Теа.

https://www.facebook.com/leonamagazin/

Од 1ви март низ цела Македонија за само 60 денари.
 

TVman

Добро-Познат Член
15,902
11,990
113
Згасна Теа Модерна ? Кога ? Исклучен сум тотално.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,593
5,143
113
  • Автор на оваа тема
  • #19
Теа Модерна беше на МПМ. Не знам само дали сеуште беше под капата на МПМ и кога почна самостојно да се продава.

Знам дека прво се продаваше самостојно па едно време одеше со Дневник, имаа и Теа Крстозбор па по некој период пак самостојно почна да се продава малку изменет и некаде пред да се деси стечајот имаа и издание Tea Moдерна Кids.

Кога ќе се спомене Теа Модерна во сеќавање ми се некој цд-а кој добиваа поклон од Синтезис, Архангел и уште некој беа но не се сеќавам на другите. Некој можеби и сеуште ги имам дома.

Туку ова Леона од она што видов насловна и сајтот слично е на Теа каква што беше што значи добиваме замена а се надевам ќе е добра. leona.mk. Сабајлето во Утринска на Телма беше Ана Исаева која е дел од тимот.

Сега имаме две нови списанија Машки Магазин и Леона.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,593
5,143
113
  • Автор на оваа тема
  • #20
Хрватското списание Story ќе има македонска верзија. Боки ќе биде на насловната на првиот број.

Покрај хрватска верзија постои и српска верзија.
 
Top