Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

JeftoMKD

Добро-Познат Член
719
1,533
93
ОК, тоа се', но верувај на народот ама ич веќе не му чуе кој ќе формира влада, до тој степен не доведоа политичарите да сега ни е сеедно и цела албанска влада ако биде. Мислам дека ретко кој се замара веќе што како ќе биде, само да биде побрзо и да не не' замараат со шоу програми. Што и да биде, нити некој ќе протестира, ниту на некој му е гајле, претпоставувам.

А што ќе биде со луѓе кои имаат кредити кон таа банка, пример?
Ќе треба како и да е, да се враќаат и тоа да оди во стечајна маса?
Дефетизмот ќе ве уништи. :) Не да се фалам, ама моето лудило ги крепеше у дадени моменти некои особи што од најголеми јунаци паднаа на колена и немаа поим шо да праат понатаму после некои настани. Не може да се докаже секако, приватни пораки и муабети се за жал.

А за луѓето што имаат кредити таму, стварно не знам, тоа некој постручен ако има да објасни.
 
JeftoMKD

Добро-Познат Член
719
1,533
93
Чекајте октомври, ќе биде интересен.
Тоа што требаше да се иде по план, нешто искрсна и така. :)
Но ќе видиме дали и како ќе се сработи новиот план Б.
 
NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,612
9,078
113
Чекајте октомври, ќе биде интересен.
Тоа што требаше да се иде по план, нешто искрсна и така. :)
Но ќе видиме дали и како ќе се сработи новиот план Б.
Значи, во новата сезона, на Собраниски ќе следува напната серија со наслов „Македонија и се` е можно“. :406389:
 
Beauty

Администратор
46,731
56,249
113
  • Автор на оваа тема
  • #885
Чекајте октомври, ќе биде интересен.
Тоа што требаше да се иде по план, нешто искрсна и така. :)
Но ќе видиме дали и како ќе се сработи новиот план Б.
Јефто, од Мицкоски плановите Б ништо не видовме. Чекај октомври, чекај ноември, па ај догодина, па ај за 4 години... верувај после оваа индиферентност не знам кој воопшто има верба во опозицијата на чело со Мицкоски. Ништо не се превзема за ништо од кога е претседател на партијата. Затоа другите ќе поентираат.
 
Beauty

Администратор
46,731
56,249
113
  • Автор на оваа тема
  • #887
Такви лидери не сакаме, не знам кој воопшто и сака. Пре би Апасиев, него Мицкоски од сега. Разочара комплет со немање став за ништо и математички одговори. Да беше Груевски или Заев на негово место, досега народот ќе беше на улица ако ништо друго, бар за поскапувањето на струјата.
 
JeftoMKD

Добро-Познат Член
719
1,533
93
Јефто, од Мицкоски плановите Б ништо не видовме. Чекај октомври, чекај ноември, па ај догодина, па ај за 4 години... верувај после оваа индиферентност не знам кој воопшто има верба во опозицијата на чело со Мицкоски. Ништо не се превзема за ништо од кога е претседател на партијата. Затоа другите ќе поентираат.
Со овој кадар на ДПМНЕ, нема да се види премногу. Од сам старт и да се оградам од реформатори, Змијалковисти и слични створења што ќе го враќале вмро, ќе ја преземале партијата и не знам ли уште што ли не... :)
И да, ако не се деси тектонска промена, партијата ќе ги изгуби и локалните избори (кои ќе идат во пакет со предвремени парламентарни)

Такви лидери не сакаме, не знам кој воопшто и сака. Пре би Апасиев, него Мицкоски од сега. Разочара комплет со немање став за ништо и математички одговори. Да беше Груевски или Заев на негово место, досега народот ќе беше на улица ако ништо друго, бар за поскапувањето на струјата.
Левица ќе иде и до 10 ако вака продолжи ДПМНЕ, а Зајко се расправодава... :)

Како и да е, ќе биде интересна сезона од октомври, следете.
 
Beauty

Администратор
46,731
56,249
113
  • Автор на оваа тема
  • #889
Како и да е, ќе биде интересна сезона од октомври, следете.
Нека протестираат сами, се надевам сега народот ќе им го сврти грбот. Кога требаше, не протестираа, сега ќе протестирале . :off:
 
JeftoMKD

Добро-Познат Член
719
1,533
93
Нека протестираат сами, се надевам сега народот ќе им го сврти грбот. Кога требаше, не протестираа, сега ќе протестирале . :off:
Не реков протести. Зошто мислите дека политиката е само протести... Политиката е наука, начин на умешно управување и влечење на потези.
Тоа што не се способни нашиве политичари, тоа е друга тема.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,038
378
83
Не реков протести. Зошто мислите дека политиката е само протести... Политиката е наука, начин на умешно управување и влечење на потези.
Тоа што не се способни нашиве политичари, тоа е друга тема.
Изгледа премногу размислуваш како политиколог, односно како политички научник, наместо како политичар.

Е па извини, ама политиколозите немаат ама баш никакво учество ниту во Парламентот, ниту во владата, ниту во било која друга власт во Македонија. Од друга страна, политичарите, а не политиколозите, се тие кои ги има насекаде - и во законодавната власт, и во извршната власт, и во локалната власт, и во судската власт, и во медиумите и така натаму.

Убаво ти реков пред нешто повеќе од месец дена: барај си нови извори на информации.
 
Се сложувам дека поинаку размислувам. И те како сме маргинализирани бидејќи нашите ставови не се прифаќаат, туку на некои неписмени багри си ги влечат потезите.
 
JeftoMKD

Добро-Познат Член
719
1,533
93
Со Силјановска, Апасиев, Крмов и евентуално Мизрахи, Собранието доби нов тек... :)
Може да им држат лекции на црпнативе што немаат ни п од право ни п од политичка култура.
Да не го заборавам и Ацко од Охрид и тој е опасен лик, премачкан со сите бои, исто им лупа на баграва криминална, но не е на ниво на овие другиве.

Срамно е да се исмеваат на Силјановска пред некој ден зошто зборела повеќе од 10 минути... Сите комуњари и рамковни у пакет да ги стаиш имаат помало IQ од нејзиното... Но тоа е, тоа говори за нив...
Не дека го обожавам Јанушев или го бранам, но типов лупал на маса и бил опоменат... Нека видат што е британски парламент, нека дојдат на Правен факс да видат што значи симулација на британска демократија (сум учествувал, не да се фалам).

А бидејќи ја решив македонската политичка сцена (хехе да се нашалиме малце на своја/моја сметка де), да прокоментирам за во Црна Гора.
Ќе биде весело... После 30 години, Мило паѓа, а со тоа и криминалната мрежа што ја има секаде на Балканов. Следуваат потреси во подземјето, посебно во Србија, а можни се промени и во БиХ и Албанија.
Исто така, интересен е фактот што белоглавите орли не успеаа да долетаат во ЦГ и исто како кај нас, во нивните средини немаше излезност.
За изборните резултати, интересно е што исто како НАТО членката Северен ФИРОМ, така и НАТО членката Монтенегрото имаше хакерски напади и такви заврзлами.
Мило можеби и да има најголем број пратеници, но не ќе да ќе формира влада...
И да, за народ за кој се вели дека е најмрзлив, добро е што искочиле масовно на гласање, а не како македончето што неќе да се разбуди и да стане како Македонец и да искочи да гласа, па после зашто едно малцинство добива повеќе пратеници и контролира мнозинство.
 
JeftoMKD

Добро-Познат Член
719
1,533
93
Ух јеботе, овој на 21 професор... Ја па на мои 24 а еве накај 25 уште не успеав да магистрирам ради немање средства...
А да не зборам дека на 33 години е више и министер на важна институција...

Е па не мога појќе, ќумрам млад, идам да се операм со варикина, мајке ми...
 
Steff

Добро-Познат Член
29,965
40,692
113
Ќе биде весело... После 30 години, Мило паѓа, а со тоа и криминалната мрежа што ја има секаде на Балканов. Следуваат потреси во подземјето, посебно во подземјето, посебно во Србија, а можни се промени и во БиХ и Албанија.
Пратим и јас последниве неколку денови случувањата околу избори и баш ме интересираше твоето мислење за ова, но ете, тоа отприлика е и некое моето мислење.

Навистина интересна есен доаѓа во екс-ју.

И да, за народ за кој се вели дека е најмрзлив, добро е што искочиле масовно на гласање
Е ова и мене ми беше неверојатно. До 13 часот над 60% луѓе гласале. Како почна, мислев над 80% ќе биде, но и 76% испадна добро.
 
Top