Гурман chat

  • Автор на оваа тема Missy
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
17,594
5,143
113
A има ли сеуште Спрајт во Македонија ? Зошто тој пијалок е доста избегнуван и не толку рекламиран ?
 

Rebellious angel

Член
691
1
16
И лани летото на кеј ја промовираа Zero, делеа лименки. Мене воопшто не ми се допаѓа, плус е доста штетна, со сите тие засладувачи што ги ставаат, подобро обичната да се пие.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,141
2,789
113
M@RKO напиша:
A има ли сеуште Спрајт во Македонија ? Зошто тој пијалок е доста избегнуван и не толку рекламиран ?
Има, има и го обожавам! После Швепсот, Спрајтот ми е најомилен а после него Фантата! Овие три пијалоци се совршени за мене! Црн сок не преферирам толку.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,594
5,143
113
Од се мене најдобро за пиење ми е оние витаминските шумеќи таблети :) . Порано некаде до пред некоја година ги пиев често растворени во ладна минерална газирана вода т.е кисела вода како што ја викаат народски.
 

Beauty

Администратор
46,731
56,249
113
Кока Кола Зеро е катастрофа, шумеќи таблети исто (не знам од кај ги извади Марко :haha: ), Спрајт исто, Пелистерка Кола исто, Плеј исто.

Во моментов ми текнува само на овие лоши сокови.
 

Beauty

Администратор
46,731
56,249
113
Фанта, Кока кола, Швепс, Пелистерка Швепс, тетрапак сокови, толку за мене е добро.

И освен за соковите, малку и за летните јадења. Што јадете во лето, од домашна и купена брза храна?
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Спрајт 334545

Салати обавезно летно време со секој ручек, појадок искрено најчесто избегнувам оти станувам доцна, кога станувам рано си правам смуди во блендер, најчесто со банана, праска и лимон. Тоа ме држе некаде до кај 2-3 часот кога е ручек. Мене летна манџа со пржено сирење прилог ми е најомилено летно јадење, и тоа само од баба ми го признавам тоа јадење! :606675:

Избегнувам премногу благо, ама за тоа на сладолед не му одолеам, посебно марс и боунти сладолед знам често да изедам.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,594
5,143
113
Од сабајле секогаш појадувам солени работи намачкани на леб, било да е путер со салама,мајонез или паштета и мајонез .

Највеќе сакам без разлика дали е лето или било кое годишно време особено кога сме дома цело семејство да има за ручек месо и компири приготвени во рерна или пржено ,но пред тоа да има некоја супа од кесичка а може и некоја домашно приготвена супа.

Од благо највеќе сакам чоколадо, или некоја торта, баклава но баклава само направена од мајка ми ,кој најчесто ја прави во зимно време.
Деновиве пред да дојде летово се изнајадов чоколада :406389:
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #91
Многу сладолед, се трудам и често да јадам овошје и салати.

На работа најчесто нешто од пекара така да барем дома се трудам да јадам поздраво
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,594
5,143
113
Денес после не знам колку години отидов Кам маркет. Се некој брендови на храна што никогаш за некој и не сум чул.
Барам Nescafe немаат , ми вика немаме кафе од Nescafe брендот има од други. Мислам ШТОО ? :off: Исто немаа ни од било кој од познатите чоколада Nestlе, Milka ..


Значи колку безвезе ми е тој маркет.
 

alek

Активен Член
768
219
43
а што очекуваше ти марко во маркет со германска роба и само германска?
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,594
5,143
113
Не ни знаев дека е маркет со само германски производи. Но мислам дека имаше и некој наши производи како што е битолски јогурт.

Често и ги избегнувам таквите маркети , одам во Веро, Тинекс, Рамстор или пак во некој локален маркет .
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #95
Милка чоколадо има во КАМ. Не од сите вкусови ама неколку има.

Мене Алпико ми е поубаво и од Милка. Посебно тоа со топен лешник и со виолетова трака со лешник, ореви и суво грозје.

Од страна на наши познати бреднови производи има на Агроплод/Swissilion, Витаминка, Битолска млекара, исто и нивниот бренд КАМКО се произведува во различни фирми под нивно име.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Лол, порано, мислам пред 6-7 години постев цели пости, сѐ додека не сфатив дека немав никаква врска и логика, да не зборувам од религиозна смисла, како и целата религија, ама особенио од нутриционистичка смисла, те принудува да јадеш неживотинска храна и тоа најмногу отпаѓа на јаглехидрати, не можеш да јадеш јајца, млеко или месо, главните извори на протеини, наместо тоа се полниш со леб. Никогаш повеќе. Ако целта ми е контрола на диетата има многу начини како тоа да се направи во склоп на изборот на намирници, а ако целта е религиозносс, исто има други начини за духовно унапредување без следење на нутриционистички совети од минатиот милениум.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #98
Јас имам слушано од постари (баба ми посебно) дека постеле сите како деца со цел да се заштеди повеќе и месото, сирењето што го имаат дома да остане подолго. Нели многу деца, плус родители, па баби и дедовци и во една куќа по минимум 10 луѓе. И на пример кога имале ограничена количина на месо (свинско) ако не постеле од есента до пред Нова година ќе им било изедено. Вака останувало и за наредна пролет или пак лето.

Инаку не постам ама имам роднини и колеги што постат по сите правила со/без масло, па кога смее кога не смее да се јади риба и сето тоа и никогаш не се пожилиле дека им фали некоја храна
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,141
2,789
113
Јас не се зарекувам да постам бидејќи се плашам дека ќе каснам нешто мрсно и се ќе биди бадијала. Вака и да каснам, барем ќе знам дека не сум заречeн.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,147
536
113
На денешново наше ни време има секаква посна храна. Има посен мајонез, кашкавал, благи и солени работи... Јас досегна не ум постел никогаш (освен некогаш среда и петок), нели во среда оти Јуда го предал Исус а во петок оти Исус бил распнат. Ми се случи некоја грда случка па попот ме советуваше да ги испостам овие кратки Богородични пости (кои се дел од Велигденските, но се одделени бидејќе се мн долги). Пред се постот е добар за организмот, да смениш малку, верувајте од кога постам никогаш не сум се почувствувал како подујан, пренајаден (со посна храна и да се прејадиш нема да се чувствуваш лошо, храната е лесна). Верувам во Бога и постењето како исповедувањето и причестувањето се дел од Христијанството, на тој начин се поврзуваш со Бога и го примаш во своето срце.
 
Top