Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,039
378
83
Брат ми, не те сфаќам погрешно, но изворите се премногу директни и добри, за да ги мењам за некои од втора рака.
Од најмалку две амбасади се вртени броеви бидејќи не се задоволни од ситуацијата... Неќам да коментирам повеќе, но до крај ќе биде неизвесно...
Па тоа е уште побетер, ако изворите ти доаѓаат од странски амбасади, тоа значи дека има огромна веројатност да пуштаат лажни информации, се` со цел да се залажи рајава дека ќе има некакви промени, додека во пракса останува статус кво или следува уште полошо.

Мразете ме но јас сум за Албанец премиер за овој народ да се свести!
Не си ти за мразење, за мразење е народот кој ти го спомнуваш, а нема да се освести ниту со рамковнист премиер, ниту со рамковнист претседател, па нема да се освести ниту во Аушвиц пред влезовите на гасните комори.

На Евреите во Варшавското гето им требале 2 ипол години за да се освестат и да одлучат да се кренат на востание, бидејќи им станало јасно дека или нема да излезат живи од таму, или ако излезат живи од таму, тогаш наредна и последна станица ќе им биде Аушвиц, Мајданек, Собибор, Треблинка или некој друг од нацистичките логори низ Полска, а од таму ќе излезат само во облик на пепел.

Архивите на Емануел Рингелблум изобилуваат со потресни приказни за невино цивилно население затворено во ѕидовите на Варшавското гето, но истовремено и со последните писма на Евреите од гетото кои одлучиле дека ако веќе се осудени на смрт, тогаш подобро е да умрат на нозе борејќи се за сопствените животи и за сопствената слобода, отколку да бидат истребени како стаорци или изгладнети до смрт.

Ѕидовите на Варшавското гето биле издигнати во октомври 1940, а нешто повеќе од 2 ипол години подоцна, на 19 април 1943 Евреите во гетото се дигнале на востание, кое траело речиси месец дена, а завршило задушено со оган - нацистите буквално го запалиле гетото со луѓето внатре - на 16 мај 1943. Преживеаните кои биле заробени биле депортирани во нацистичките логори на смртта Мајданек и Треблинка, каде што им се губи секаква трага.

Марек Еделман - еден од ретките преживеани Евреи кои успеале да избегаат од гетото за време на востанието и ги преживеал Втората Светска Војна и Холокаустот (почина во 2009 година на 87 или 90 годишна возраст), изјавил дека мотивацијата на Евреите за дигање на востанието била целта да можат сами да си одберат време и место на смрт.

После Втората Светска Војна, Еделман продолжил со своите дејствија против социјалистичката диктатура во Полска, а во 1980-те години беше и еден од членовите на движењето Солидарност, кое стави крај на социјалистичката диктатура и враќање на демократијата во Полска.

За разлика од Еделман, оваа проста раја своето молчење го оправдува со зборовите "нас никој не не` прашува, се` е одлучено одозгора".

Е па и нацистите одозгора им одлучиле Конечно решение на Евреите, но не сите Евреи се помириле со ваквото решение, а востанието во Варшавското гето е одличен пример за тоа. Цивилно население, без никаква воена обука, без никакво воено искуство, со рачно изработени оружја и муниција, речиси месец дена му пркосело на Конечното решение на нацистите кои, за разлика од Евреите во Варшавското гето, биле вооружени до заби со автоматско оружје, оклопни возила, авијација и што уште не во рацете на професионална и искусна војска. А ги има и безброј други примери за востанија, од кои некои резултирале со добар број на бегалци од гетата и/или од нацистичките логори, кои ги преживеале Втората Светска Војна и Холокаустот, за да можат да посведочат пред светот дека тие кои одлучуваат одозгора не го имаат секогаш последниот збор.

Лоботомија не може да создаде ваква проста раја, или нешто не чини во воздухот, или станува збор за некаква генетичка регресија. Општо е познат фактот дека гените прескокнуваат една генерација, но веќе 30 (ТРИЕСЕТ) години ваков статус кво говори дека станува збор за поголем проблем, проблем кој ниту рамковнист премиер, ниту рамковнист претседател нема да го реши.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
719
1,533
93
Па тоа е уште побетер, ако изворите ти доаѓаат од странски амбасади, тоа значи дека има огромна веројатност да пуштаат лажни информации, се` со цел да се залажи рајава дека ќе има некакви промени, додека во пракса останува статус кво или следува уште полошо.



Не си ти за мразење, за мразење е народот кој ти го спомнуваш, а нема да се освести ниту со рамковнист премиер, ниту со рамковнист претседател, па нема да се освести ниту во Аушвиц пред влезовите на гасните комори.

На Евреите во Варшавското гето им требале 2 ипол години за да се освестат и да одлучат да се кренат на востание, бидејќи кога веќе им станало јасно дека или нема да излезат живи од таму, или ако излезат живи од таму, тогаш наредна и последна станица ќе им биде Аушвиц, Мајданек, Собибор, Треблинка или некој друг од нацистичките логори низ Полска, а од таму ќе излезат само во облик на пепел.

Архивите на Емануел Рингелблум изобилуваат со потресни приказни за невино цивилно население затворено во ѕидовите на Варшавското гето, но истовремено и со последните писма на Евреите од гетото кои одлучиле дека ако веќе се осудени на смрт, тогаш подобро е да умрат на нозе борејќи се за сопствените животи и за сопствената слобода, отколку да бидат истребени како стаорци или изгладнети до смрт.

Ѕидовите на Варшавското гето биле издигнати во октомври 1940, а нешто повеќе од 2 ипол години подоцна, на 19 април 1943 Евреите во гетото се дигнале на востание, кое траело речиси месец дена, а завршило задушено со оган - нацистите буквално го запалиле гетото со луѓето внатре - на 16 мај 1943. Преживеаните кои биле заробени биле депортирани во нацистичките логори на смртта Мајданек и Треблинка, каде што им се губи секаква трага.

Марек Еделман - еден од ретките преживеани Евреи кои успеале да избегаат од гетото за време на востанието и ги преживеал Втората Светска Војна и Холокаустот (почина во 2009 година на 87 или 90 годишна возраст), изјавил дека мотивацијата на Евреите за дигање на востанието била целта да можат сами да си одберат време и место на смрт.

После Втората Светска Војна, Еделман продолжил со своите дејствија против социјалистичката диктатура во Полска, а во 1980-те години беше и еден од членовите на движењето Солидарност, кое стави крај на социјалистичката диктатура и враќање на демократијата во Полска.

За разлика од Еделман, оваа проста раја своето молчење го оправдува со зборовите "нас никој не не` прашува, се` е одлучено одозгора".

Е па и нацистите одозгора им одлучиле Конечно решение на Евреите, но не сите Евреи се помириле со ваквото решение, а востанието во Варшавското гето е одличен пример за тоа. Цивилно население, без никаква воена обука, без никакво воено искуство, со рачно изработени оружја и муниција, речиси месец дена му пркосело на Конечното решение на нацистите во Варшавското гето. А ги има и безброј други примери за востанија, од кои некои резултирале со добар број на бегалци од гетата и/или од нацистичките логори, кои ги преживеале Втората Светска Војна и Холокаустот, за да можат да посведочат пред светот дека тие кои одлучуваат одозгора не го имаат секогаш последниот збор.

Лоботомија не може да создаде ваква проста раја, или нешто не чини во воздухот, или станува збор за некаква генетичка регресија. Општо е познат фактот дека гените прескокнуваат една генерација, но веќе 30 (ТРИЕСЕТ) години ваков статус кво говори дека станува збор за поголем проблем, проблем кој ниту рамковнист премиер, ниту рамковнист претседател нема да го реши.
Знам доста добро како се работи со пуштање патки во јавност. Познат ми е тој метод, го имам практикувано доста...

Инаку за ова со евреите, не сум го знаел, хаха, научив нешто ново (затоа ми е чест да дискутирам со тебе).
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
719
1,533
93
Ај оти глеам никој не ме прозива, сам ќе се прашам...
Вреди ли да коментирам за непрофесионалноста на Левица и немањето потпис и печат на приговорите?
Да, ги зафркнале (ќе речев нешо друго) дека може само електронски да се поднесува, па после праќале писмено... Ама да не стаиш потпис и печат, а да сте правници, малце е смешно...

А да, кокетирањето на СДС и на ДПМНЕ со ДУИ, најдобро се виде денеска на седница на ДИК...
Од друга страна, Дерковски и таа членот на ВМРО во ДИК, јако го зафркнаа ова раководство на партијата, бидејќи тие се кадри на Змијале и одработија у негова полна, а не у полза на Мицко...

А повеќе од очигледно беа издржани приговорите и на Алијанса, бидејќи луѓе што се надвор од земјата или такви примери, си гласаа на велико...

Каква монтировка, монти пајтон сме...
 

NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,627
9,096
113
Ај оти глеам никој не ме прозива, сам ќе се прашам...
Вреди ли да коментирам за непрофесионалноста на Левица и немањето потпис и печат на приговорите?
Да, ги зафркнале (ќе речев нешо друго) дека може само електронски да се поднесува, па после праќале писмено... Ама да не стаиш потпис и печат, а да сте правници, малце е смешно...
Може врз основа на подвлеченото да се вадат на суд?
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
719
1,533
93
Може врз основа на подвлеченото да се вадат на суд?
Не сум правник, не би можел да ти кажам... Но од аспект на политиколог, ќе ти одговорам: у нашава земјичка, све шо не треба може, ама све што треба, не може...

Мислам или дека државава работи по некое друго право или неправо, или ова на Апасиев е некое друго право :haha:
Не го потценувајте Апасиев, врвен правник е, тоа што неговите блиски соработници се изглеа неспособни, па у брзање забораваат, не е директно негова вина.

Или се необразовани тие што работат во тие институции.
Нц, намерно им кажале само електронски, па случајно дознале дека мора хартиено...
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,693
5,216
113
Next Time и Влатко Лозано имаа story објавено со карта од Македонија во нејзините етнички граници.

 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
719
1,533
93
Next Time и Влатко Лозано имаа story објавено со карта од Македонија во нејзините етнички граници.

Масовно рипортирање на твитер и инстаграм ѝ лупавме на шошонката... Коа дознав дека е и помала од мене, ми идеше да ја стрелам мајке ми.
 

NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,627
9,096
113

JeftoMKD

Добро-Познат Член
719
1,533
93
Нц, јок. :) Патка е, не наседнувајте, причекајте уште недела до две за овие чуда.

Еве накусо како стојат работите иако не сакам многу да пишувам (ви реков дека малце ќе паузирам, но ај за ваш атер мала ексклузива):
1. странците собирале инфо колку штета ќе му предизвика на мицко војната со мијалков
2. германија и британија бараат дуи да е надвор од секоја комбинаторика за влада
3. франција и америка без став, набљудувале само
4. освен германците, други немале инструкции да се мешаат во собирање на мнозинството
5. можно е и да формира влада зајко, ама да му се деси косовско сценарио ко курти, да трае месец дена и да го симнат одма
6. можни и избори у октомври ако нашиве не се способни да се средат сами
7. војна во самата сад амбадаса, директор на циа и амбасадорката на различни ставови за кој да е нов премиер
8. се разгледувало дури и сдс да формира, ама заев да не е премиер ни министер
9. америте исто праат проценка за тоа дали неправењето на вмро влада ќе биде почеток на радикализација на мкд барања и дал е мицко доволно храбар јер уште им бил непознат у некои моменти
10. левица едино може да ја преземе таа улога ако мицко е п**ка (се извинувам, цензурирам), а левица не им е позната ич на америте и е кошмар јер е антинато и слично
Толку од мене, други работи земајте ги со доза на резерва и не паѓајте на фејк њусови и опипување на пулсови и слични манипулаторски техники со одредена цел.
 

Beauty

Администратор
47,301
57,221
113
  • Автор на оваа тема
  • #855
Леле Јефтооо....

Извини, али ти фалеше да пишеш уште дека 11.та опција е Австралија да притиска за јас да сум премиерка :406389:
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
719
1,533
93
Австралија не, ама со Австрија си имаме алаш-вериш.
Искрено и мене ме интересира дали чичо Ердоган ќе вмеша прсти, ако знаеме дека Алтернатива (и претоа Беса) беа финансирани со сомнителни пари од блиски Исток. :)

Но како и да е, пред 15ти Септември, не се надевајте на Влада, иако роковите говорат за нешто друго, но небитно.

Останува да се следи, да кулирате, да свиркате и така...
 

Beauty

Администратор
47,301
57,221
113
  • Автор на оваа тема
  • #857
Добро бе, само Албанци протестираат за струјата?
Во Тетово, Гостивар, Дебар, Чаир, Куманово се протестирало.
Бива ли ние да сме до толку смотани ? :406389:

Ај, бар драго ми е што Албанци протестирале, затоа што они што и да посакаат, добиваат. Ако успеат во целта, им симнувам капа.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
719
1,533
93
Ај докажете ми дека нема скриена политичка порака во протестот и ќе ве честам што сакате, вклучително и стан на Водно... :)
Толку е коментарот, не зборам повеќе.
 
Top